ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп

Официјална страна на училиштето

Operating as usual

19/06/2021

Не запираат победите на младите хемичари!

Државниот натпревар по хемија за учениците од основниите училишта се одржа на 16 јуни на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На натпреварот учествуваше првенецот на генерацијата, Иван Кузманоски и менторот Кети Иваноска.

Освојувајќи втора награда, уште еднаш докажа дека многу заслужено ја носи титулата првенец на генерацијата 😊

Честитки за Иван, му посакуваме уште поголеми успеси во понатамошното образование, се гордееме што беше наш ученик! 👏😊

16/06/2021

Со гордост можеме да се пофалиме дека на 8-от Државен натпревар по биологија одржан на 13 јуни 2021 година на кој учество зедоа 58 учесници, нашата ученичка Елена Џајковска од 8 - а одделение под менторство на наставничката Билјана Георгиеска освои ПРВА НАГРАДА!

Честитки за Елена! 👏😊

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 15/06/2021

Нови победи на нашите природници!

Државниот натпревар по природни науки, организиран од Македонско биолошко друштво, се одржа на 12 јуни на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На натпреварот учествува двајца наши шестоодделенци и нивните ментори.
Ученичката Матеа Танева и нејзиниот ментор Кети Иваноска освоија трета награда, а ученикот Арсениј Солевски и менторот Билјана Георгиеска освоија пофалница.

Честитки до учениците и нивните ментори! 😊

11/06/2021

Честитки за нашиот првенец на генерација! 🥇👏😊

Честитки за нашиот првенец на генерација! 🥇👏😊

03/06/2021

Огромен успех на нашите хемичари 😊

Регионалните натпревари по хемија се одржаа на 28 мај 2021 година во 22 училишта во Македонија, со беспрекорна организација и почитувањето на протоколите за реализација на натпревари со физичко присуство во услови на пандемија.

И покрај условите во кои се одвиваше наставата оваа учебна година, електронски, на далечина и со скратена програма, кога е особено тешко да се доближи хемијата до учениците и да се мотивираат, нашите хемичари успеаја да се искачат на врвот на ранг листите и да ги освојат првите места, а со тоа и пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 16 јуни, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Им честитаме на наградените хемичари за освоените награди:

Марија Котева 3 - та награда и Иван Кузманоски 1 - ва награда.

На Иван му посакуваме успех и на државниот натпревар.

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 27/05/2021

Учениците од 3 - то г одд. како и ученикот од 7 - мо в одд. Бојан Кузески постигнаа забележителни резултати на двата Мегународни натпревари по Англиски јазик - HIPPO 2021 и деветтиот мегународен натпревар по Англиски јазик -WILLKOMMEN 2021.
Истите продолжуваат во полуфиналето на HIPPO 2021 под менторство на проф д-р по Англиски јазик, Марија Дулевска.

Им посакуваме успех понатаму :)

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 25/05/2021

На 19 и 20 мај како дел од активностите предвидени во Еразмус + проектот EADU-Energy And Daily Usage, (мак.-Енергијата во секојдневниот живот) се одржаа две виртуелни средби организирани од координаторот на проектот Латвија.

Темата на средбата беше ”Како можеме да ја зачуваме животната средина во секојдневниот живот”. Секое училиште од земјите партнери ја претстави својата држава, градот од кој доаѓа и училиштето кое го претставуваат.

Преку игри, тестови, истражувања и квизови беа постигнати предвидените цели на средбата. На средбата од нашето училиште учество зедоа наставниците Билјана Георгиеска и Богослав Бардакоски и десет ученици од 9 в, 8 а и 8 б одделение.

Благодарност до сите за учеството и резултатите постигнати на квизовите ии тестовите.

On May 19 and 20, as part of the activities envisaged in the Erasmus + project EADU-Energy And Daily Usage, two virtual meetings were held organized by the project coordinator Latvia. The topic of the meeting was "How can we preserve the environment in everyday life." Each school from the partner countries presented their country, the city they come from and the school they represent. Through games, tests, research and quizzes, the intended goals of the meeting were achieved. Teachers Biljana Georgieska and Bogoslav Bardakoski and ten took part in the meeting from our school. students from 9v, 8a and 8b class. Thanks to everyone for participating and the results achieved in the quizzes and tests.

24/05/2021

Нека ни е честит и вековит денот на словенските просветители "Св. Кирил и Методиј"! 📚✏️

Рецитаторската секција од нашето училиште ни подготви рецитал по повод денешниот празник.

21/05/2021

Вчера на ден 20.05.2021 година се одржа Државниот натпревар по информатика за основно образование „Информатичко размислување“ за 4 и 5 одд. на кој нашиот ученик Константин Димовски од 5 - то г одд. под менторство на наставничката Даниела Котеска постигна 60 бодови и ја освои втората награда!

Честитки за нашиот вреден ученик за постигнатиот успех 🙂

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 18/05/2021

Регионални натпревари по природни науки

На регионалниот натпревар по природни науки за 5 и 6 - то одделение кој се одржа на14.05.2021 год. под менторство на наставничките Милена Димитриеска за учениците од 5 - то одделение и Кети Т.Иваноска и Билјана Георгиеска за 6 - то одделение беа постигнати следниве резултати:

1. Арсениј Солевски: 2 - ра награда и пласман на државен натпревар;
2. Сара Цветкоска: 3 - та награда;
3. Теодора Тасеска: пофалница
Ментор: Билјана А.Георгиеска.

1. Матеа Танева: 2 - ра награда и пласман на државен натпревар;
2. Јована Пејоска: 3 - та награда;
3. Теодора Ѓорѓиоска: 3 - та награда;
Ментор: Кети Т.Иваноска.

1. Марко Ивчев: 3 - та награда;
2. Димитар Димески: пофалница;
Ментор: Милена Димитриеска.

Честитки на постигнатиот успех! :)

18/05/2021

Регионални натпревари по биологија

На неодамнешните натпревари по биологија под менторство на наставничката Билјана Георгиеска, учениците од 8 - мо одд. се закитија со следните награди:

Елена Џајкоска 1 - во место и обезбеди пласман на државното натпреварување, 3 та награда Марија Стеваноска и Марија Котева, а Мила Андреевска и Ана Марија Здравкоска се наградени за учество.

Честитки за нивниот успех! 🙂

14/05/2021

Со вистинските вредности секогаш на врвот!

Честитки за нашата ученичка Ангела Илиоска за освоеното ПРВО место (96/100) на државниот напревар по француски јазик за 9 одд. Олимпијади 2021 под менторство на наставничката Ирена Наумоска, реализиран во 5 модули:

1.Граматика(20/20);
2.Слушање со разбирање(17/20);
3.Читање со разбирање(20/20);
4.Писмено изразување (20/20);
5.Усно изразување (19/20);

Нека се множат успесите на нашите ученици.Тие се нашата гордост, нашата иднина! 👏😊

Известување за првоодделенци за систематски преглед - Очно

Известување за првоодделенци за систематски преглед - Очно

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 11/05/2021

Во петокот на 7 мај се реализираа општинските натпревари по хемија за учениците од основното образование.

На натпреварот учествуваа двајца наши ученици, Марија Котева од 8 - мо одделение и Иван Кузманоски од 9 - то одделение под менторство на наставничката Кети Т. Иваноска.

И двајцата ученици имаа успешно учество на натпреварот. Иван освои втора награда, Марија трета, а со тоа и пласман на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 28 мај.

Честитки за нашите хемичари, им посакуваме успех и на регионалниот натпревар 😊

10/05/2021

Честитки за нашата ученичка Ангела Илиоска од 9 в одд. за освоеното ПРВО место (77/80) на писмениот дел од државниот натпревар Олимпијади по француски јазик 2021 под менторство на наставничката Ирена Наумоска.

Со среќа на усниот дел на 14.05.2021 година 🇲🇫😊

Оглас за доделување стипендии на ученици со попреченост запишани во I одделение во учебната 2021/2022 г 05/05/2021

Оглас за доделување стипендии на ученици со попреченост запишани во I одделение во учебната 2021/2022 г

Почитувани родители/старатели,

Во прилог на постот го проследуваме писмото од фондацијата „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ - „STEP BY STEP“ за доделување на стипендии на деца со попреченост кои ќе бидат запишани во наредната учебна 2021/2022 година во прво одделение.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, со финансиска поддршка од Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Како дел од овој проект ќе се доделат стипендии на 150 деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишани во прво одделение.

Можност за пријавување ќе имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

- Да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение,
- Да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје),
- Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19,
- Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија,
- На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

Огласот за аплицирање е достапен на веб страната на Фондацијата Чекор по чекор www.stepbystep.org.mk (во делот новости). За условите и секакви дополнителни информации, Ве молиме обратете се до:
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - 072 307 326.
Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – 076 279 663.
Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ - 070 256 926.

Важна информација:
Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош...” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година) : При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, стипендијата не се смета за приход.

https://stepbystep.org.mk/novosti-i-nastani/oglas-za-dodeluvanje-stipendii-na-uchenici-so-poprechenost-zapishani-vo-i-oddelenie-vo-uchebnata-2021-2022-g

Оглас за доделување стипендии на ученици со попреченост запишани во I одделение во учебната 2021/2022 г Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението ...

Photos from ООУ "Гоце Делчев" - Прилеп's post 05/05/2021

5 Мај – Ден на македонската азбука

На денешен ден, 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста.
Така, од 10 па сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.
На 2 август 1944 делегатите на Првото заседание на АСНОМ го прогласиле македонскиот јазик за официјален во македонската држава. На 3 мај 1945 е усвоена македонската азбука, а на 7 јуни е усвоен македонскиот правопис, со што се стандардизира македонскиот јазик и станува јазик на државата – во тоа време Демократска Федерална Македонија која е во заедница со другите југословенски народи. Секој си имал свој државен јазик и македонскиот се издигнал на ниво на државен јазик.

Првата стандардизација е направена уште од Крсте Мисирков во 1903-та, но не заживеала, освен во неговата книга, затоа што не постоела држава за да стане стандарден јазик односно да биде јазик на администрацијата, образованието, на науката и на културата воопшто. Стандардизирањето е овозможено со создавањето на државата, со АСНОМ во 1944 година.
Најбогатиот период во поглед на развојот на стандардната македонска азбука е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис.

Нека ни е честит 5 Мај, Денот на македонската азбука и македонскиот јазик.

04/05/2021

Уште една преубава изведба од ученичките од 9 в одд. Марија Наумоска и Ивана Стојкоска со песната „My future“, исто така членови на хорската секција кои на еден креативен начин со помош на инструментите пијано и гитара ни ја исполнија оваа прекрасна песна 😊

04/05/2021

Една прекрасна изведба од страна на ученичките од 7 а одд. Антонија Донеска и Марија Велкоска со песната „All of Me“ членови на хорската секција :)

04/05/2021

Нашите вредни ученички од хорската секција под менторство на наставникот Љупчо Мирчески ни припремија неколку музички изненадувања....уживајте 😊

Најпрво да ги слушнеме ученичките од 9 б одд. Христина Петкоска и Андреа Велјаноска со песната „Ако згрешам нека изгорам“.

04/05/2021

Нашите вредни дечиња од 5 - то одделение под менторство на наставничките Даниела Котеска, Жаклина Ристеска, Христина Момироска и Цветанка Стојаноска ни припремија мини приредба посветени на нашиот патрон.

Videos (show all)

Рецитал
Рецитал
Рецитал
„24 МАЈ - ДЕН НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
„Пропорционално зголемување“
„Збир на агли во триаголник и четириаголник“
Другарството треба да се чува!
Експеримент
„Експеримент со егзотермна реакција“.
„Мерење во сантиметри“
„Метар“
„Пари“

Location

Category

Telephone

Address

Мечкин Камен б.б.
Prilep
7500
Other Schools in Prilep (show all)
Helen Doron English Prilep Helen Doron English Prilep
ул. Александар Македонски бр. 314
Prilep, 7500

www.helendoron.mk Иновативен метод за рано изучување англиски јазик и ран детски развој

Logos Oxford Prilep Logos Oxford Prilep
Ulica 11-ti Oktomvri 55
Prilep, 7500

Вложувајте во себе и во своето знаење заедно со Логос Оксфорд - Прилеп! Ве очекуваме!

English corner-Primary school Liria-Zhitoshe English corner-Primary school Liria-Zhitoshe
Prilep, 7504

English corner of primary school Lira , Zhitoshe is created to help students improve their english as well as offering additional materials .

„EDU Boomerang - Edukativen Trening Centar“ „EDU Boomerang - Edukativen Trening Centar“
Bul. Goce Delcev 33/2
Prilep, 7500

Организираме тренинг курсеви (екстензивни и интензивни) за изучување на некој од европските јазици: АНГЛИСКИ, ГЕРМАНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ИТАЛИЈ