Наставник Гоце Бумбароски

Наставник Гоце Бумбароски

Секоја генерација расте врз рамениците од претходната

Operating as usual

05/01/2024

Јованче и Марика - во денешно време...

03/01/2024

Толку ли е тешко? 👇

31/12/2023

Помина уште една година исполнета со насмевки, успеси но и со разочарувања.

Големо благодарам до сите Вас кои бевте покрај мене и ми помогнавте да се издигнам над предизвиците...

Ќе се сеќавам на радосните моменти, но ветувам дека ќе ги поправам грешките направени во изминатава година.

Исто така ветувам дека ќе се трудам во 2024 година сите Вас кои ми значите да Ве насмеам и да направам да сте горди што ме познавате.

Најголема благодарност до моите најмили, моето cé во животот, моето семејство - мојата безрезервна поддршка, од нив ја црпам силата за да можам со гордо крената глава да им пркосам на предизвиците.

Спокоен сон, ведра мисла, добро здравје, среќа, успех и љубов од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои Ви ги посакувам во Новата 2024 година...

26/12/2023

НАСТАВНИК – УЧЕНИК – РОДИТЕЛ
Овој педагошки триаголник сериозно не функционира како што треба!?
👇👇👇

Нé повика наставничката на училиште мене и уште еден родител. Причина беше кавга меѓу нашите деца, банална детска работа, не е ни важна, а не е ни тема.

Жената буквално се тресеше, го мереше секој збор по неколку пати пред да го каже, внимаваше што зборува да не навреди некој од нас на било кој начин или да не ја сфатиме погрешно.

Додека седевме така пред неа, се фатив себе си како барам причини да си го оправдам своето дете. Инстикт родителски, претпоставувам.

Родителот до мене без многу размислување веднаш го направи тоа. Не го обвинуваше моето дете, туку учителката, зошто не интервенирала на време, зошто не зборувала со децата и слично.

А таа се бранеше. Повторно под стрес, повторно очигледно бирајќи што ќе каже.

Едно време ми падна дури и жал за неа, па и јас почнав да ја бранам.

Си заминав со неубаво чувство и мисли. Жената едноставно немаше никаков авторитет во нашите очи. Каде е авторитетот на наставникот? Каде се изгубил?

Во едно друго време родителите ќе ѝ веруваа на секој кажан збор, на секоја нејзина проценка, ќе ја почитуваа и применуваа секоја нејзина препорака, пресуден ќе беше нејзиниот глас.

Во едно друго време и двајцата родители најверојатно ќе седевме пред наставничката со свиткана глава и ќе се срамевме од тоа што го направиле нашите деца, независно кое прво почнало, кое е криво, a кое не.

А потоа и двете деца ќе си го ,,окркаа” дома. И моето, и нивното. Не со ќотек или било што слично.

Во едно друго време доволно ќе беше родителот да згрми и да ти каже: ,,Да не ти паднало на памет уште еднаш такво нешто да направиш, право во соба и земај книгата во рака!,,

,,Ама јас не бев крив/а, тој/таа прв/а почна.’’

Тоа немаше да помине ни под разно, поради она: ,,За кавга се потребни двајца, не ме интересира’’ - ќе вратеше родителот - ,,Уште еднаш да не ме викнале заради тебе да се срамам!’’

И тука ќе завршеше.

И двете деца ќе си ја научеа лекцијата.

Ќе си заминевме во соба со подвиткана опашка и тешко дека ќе ни паднеше на памет пак слични глупости да правиме.

Затоа што родителите беа сериозни. И имаа авторитет. Не од оној кој се сведува на страв. Туку авторитет кој се базира на знаење, мудрост, почит и срам.

Истиот оној кој го изгубија наставниците денес, а богами и родителите.

---------------------------------------------
Сме си дале ли себе си, сме им дале ли на нашите деца премногу за право?

Ученик, наставник, родител, во тој однос нешто сериозно не функционира како што треба.

И некој сериозно треба да седне и тој триаголник да го преиспита.

За да не ни се случи наставникот и родителот да се претворат во безгласни букви, а ученикот во оној кој ќе го има авторитетот.

Или веќе ни се случува?

Преземено (и за нијанса изменето) од Kalina Kosi (https://www.facebook.com/kalinakosi)

Photos from Наставник Гоце Бумбароски's post 24/12/2023

❌Збирот на аглите во триаголникот го зголемија од 180 на 190 степени...
❌Комутативното својство доби нов правец...
🤔Што е следно⁉️

#МеИзедеТуѓСрам

23/12/2023
22/12/2023

"…Ете и историјата сакаат да ни ја скријат, да ни ја земат, за да ни ја земат душата, за да докажат дека сме племе без историски континуитет.

Народ кој нема свое вчера, кој нема свое денес, не може да има ни свое национално утре.

Ете, нашето вчера треба да исчезне за да се стопи нашето денес и за да се избрише секоја мисла за нашето утре..."

- Коста Апостолов Солев - Рацин, патрону наш и ден денес твоите зборови болат, печат и жарат исто како и на денот кога ги напиша.

Ти како да живееш во нашето време, а ние сеуште живееме во твоето...

Нека ти е вечен споменот!

21/12/2023

✅Биди силен, ❌но не и груб.
✅Биди љубезен, ❌но не и слабак.
✅Биди смел, ❌но не и насилен.
✅Биди скромен, ❌но не и срамежлив.
✅Биди горд, ❌но не и арогантен.

✅ Биди ЧОВЕК ✅

19/12/2023

Никогаш не ја потценувајте моќта на малите чекори, тие се најважни на патот до успехот...

18/12/2023

Се плашам од помислата, дека еден ден технологијата ќе стане поважна од човештвото. Тогаш во светот ќе владее една цела генерација идиоти.
- Алберт Ајнштајн

15/12/2023

❇️ Со оглед на тоа што и јас сум родител, би ги замолил сите родители да ВЕРУВААТ во своите деца, да ги ОХРАБРУВААТ и позитивно да влијаат врз нивната САМОДОВЕРБА.

✅ Немојте јавно да ги дисциплинирате, внимавајте кои подароци им ги купувате, но и колку често им купувате сè што ќе посакаат.

✅ Оставете ги понекогаш сами да ги поминат препреките пред нивните нозе и во никој случај немојте да ги споредувате со другите.

✅ Обидете се почесто да им посветувате внимание на вашите деца, а не само кога ќе погрешат.

❇️ И за крај, внимавајте како се ОДНЕСУВАТЕ пред вашите деца, голема е веројатноста тие да не ги ЗАПОМНАТ вашите СОВЕТИ, туку вашите ПОСТАПКИ...

13/12/2023

"Секоја генерација расте врз рамениците од претходната"

По стапките на родителите кои пред извесно време бараа прераскажани лектири по групи на социјалните мрежи, денес нивните деца - студенти бараат "готов" производ (магистерски труд). 👇👇👇

11/12/2023

50°+50°+25°+25°+20°+20°=190°???

Не излегува математикава како што треба министре Шаќири!

П.С Збирот на аглите на кој било триаголник во рамнината е 180°.

11/12/2023

Секое дете, секој човек "цвета" во свое време и на свој начин...

09/12/2023

,,Среќата во детските очи" од авторот Марија Груевска е слика која ме воодушеви, па со задоволство ја споделувам со Вас.

П.С Од денес ќе биде составен дел од мојата фан страна...

🔗 https://www.facebook.com/marija.gruevska.52?mibextid=LQQJ4d

08/12/2023

Светителу Клименте, пастиру наш, просветителе и учителе кој те прославуваат многу народи, моли му се на Бог да ни дарува милост и љубов голема, да нема раздор и омраза и сите заедно да се собереме и преку тебе слава да му оддадеме на Христос вистинскиот Бог наш и Спасител!

03/12/2023

Сите пречки се мали ако луѓето се ГОЛЕМИ...

3-ти Декември - меѓународен ден на лицата со попреченост.

Созреј, порасни и гледај ја личноста - а не попреченоста!

01/12/2023

Едно утро учителката им рекла на своите ученици да изиграат една игра.

Им донела торба со компири и им рекла да земат онолку компири колку што мразат луѓе. Секој еден компир го претставувал оној што го мразат.
Некои деца зеле по 1 или 2 компири, некои 3, некои 5…

Учителката им рекла да ги носат компирите со себе во текот на една недела, постојано каде и да одат, дури и во тоалетот.

Деновите минувале, а учениците почнале да се жалат на непријатниот мирис од компири кои почнале да се расипуваат. На оние кои носеле најмногу компири им било најтешко.

По една недела кога играта завршила учителката ги прашала учениците како се чувствувале во текот на изминатата недела.

Децата почнале да се жалат колку им било тешко да ги носат компирите со себе, не можеле да ја поднесат непријатната миризба, но и многу им сметале при извршување на секојдневните обврски.

Учителката им го објаснила значењето на оваа игра:

– Истото се случува кога чувате во срцето омраза кон некого. Смрдеата на омразата ќе навлезе во Вашето срце и Вие ќе ја носите насекаде со себе.

Ако Ви е тешко да го поднесете мирисот на расипаниот компир за една недела, замислете што ќе се случи ако го носите отровот на омразата во своите срца до крајот на животот?

Поука: Исфрлете ја омразата од своите срца за да не носите товар и смрдеа цел живот!

30/11/2023

"Брат - брата НЕ РАНИ, но тешко на оној КОЈ ГО НЕМА!" (поучна приказна)

Секој кој има брат или сестра, знае колку вистина и мудрост има во овие зборови.

Еве една убава приказна за моќта на братската љубов и запомнете дека ако имате брат или сестра, Вие сте среќници.

Чувајте ја таа љубов и не дозволувајте да се сруши поради имот, семејни спорови и ситни сметки.
------------------------------------------------
.. Двајца браќа работеле заедно на семејната фарма. Едниот бил женет и имал деца. Другиот бил сам.

На крајот на денот двајцата браќа го делеле подеднакво профитот и плодовите на заедничкиот труд.

Еден ден осамениот брат си рекол: "Не е фер да делиме се подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од којзнае што". Па почнал секоја вечер да зема по една вреќа жито од својот куп и тајно да ја остава во купот од неговиот брат.

Во исто време семејниот брат си мислел: “Не е фер да делиме се подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца, кои ќе ме гледаат на старост.”
Затоа секоја ноќ земал по една вреќа жито и ја фрлал на купот од својот брат.

Секоја година двајцата браќа многу се чуделе зошто резервите од жито не им се намалуваат.

Една ноќ, двајцата браќа се сретнале во темнината и се соочиле еден со друг.

Па така разбрале што правеле толку време, ги пуштиле вреќите и се прегрнале...

29/11/2023

„Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас.“

Горан Стефановски

28/11/2023

🙏🫶🤝

25/11/2023

На денешен ден 1939 година во Самобор - Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер излезе од печат стихозбирката "Бели Мугри" од Коста Солев Рацин - АНТОЛОГИЈА НА БОЛКИТЕ И СТРАДАЊАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД...

24/11/2023

😀🫣👇

Утринско кафе со Гоце Бумбароски: Џагор од деца, размуабетени колеги, мирис на кафе - совршена комбинација 23/11/2023

Покрај големото количество на кофеин, кафето за мене е магичен темeн напиток од “илјада” хемиски соединенија кои имаат потенцијални терапевтски ефекти врз телото.

Иако тоа е дневна рутина, кафето има и смирувачко дејство врз мене, a редовното конзумирање кафе ми ја оттргнува главоболката и ми дава фокус на работата.

Утринско кафе со Гоце Бумбароски: Џагор од деца, размуабетени колеги, мирис на кафе - совршена комбинација

22/11/2023

Време⏰⌚️
Радост🤣😁
Пријатели👭👫👬
Соништа💭💤🛌
Надеж🤞🙏
Љубов❤️😍
Здравје🩺⛑️

Нешта што не можеме да ги купиме...

21/11/2023

Моќта на потсвеста...

Познатиот научник Ибн Сина (Авицена), го направил следниов експеримент:

Ставил две јагниња во два кафези и ги хранел сосема исто. И во друг кафез ставил волк, но само едно од јагнињата можело да го види волкот.

На почетокот од експериментот, двете јагниња тежеле речиси исто.

По некое време Авицена забележал дека јагнето кое не го гледало волкот е напредно и весело. Јагнето што секој ден го гледало волкот било слабо, депресивно, неактивно, а крзното му било стуткано.

Експериментот докажал дека менталната состојба има значително влијание врз физиолошката состојба на организмот.

Така е и со човекот - се додека ги храни своите стравови - реални или не, тој влегува во режим на самоуништување.

Затоа, бидете внимателни со вашето ментално здравје, бидејќи тоа директно влијае на вашата физичка благосостојба...

20/11/2023

Ги учам децата да бидат добри, со добрината што ја знам - кога сум родител и кога сум учител.

Тоа ќе им помогне да ја најдат среќата што ја имаат толку близу, дури и ако не им изгледа така...

Честит 20ти Ноември - Светски ден на децата...

СЕКОЈА ГОДИНА, ГЕНЕРАЦИИТЕ СЕ СЀ ПОСЛАБИ, НАМЕСТО ДА МИСЛАТ, ГИ УЧИМЕ ДА УЧАТ НАПАМЕТ, ВЕЛИ ЕКСПЕРТОТ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ РАНКО РАЈОВИЌ - 18/11/2023

Имаме сè повеќе деца кои не можат да ја следат наставата. Кога ќе тргнат во школо не можат да седат, да пишуваат, да читаат, да сметаат, немаат концентрација. Како тие да учат?

Мозокот до 6 година го завршил најважниот период на развојот. Проблемот настанал пред училиштето, мора да интервенираат родителите и градинките.

Мора да се менува воспитниот систем. Имаме исти теории како пред сто години - Ранко Рајовиќ.

СЕКОЈА ГОДИНА, ГЕНЕРАЦИИТЕ СЕ СЀ ПОСЛАБИ, НАМЕСТО ДА МИСЛАТ, ГИ УЧИМЕ ДА УЧАТ НАПАМЕТ, ВЕЛИ ЕКСПЕРТОТ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ РАНКО РАЈОВИЌ - Секоја генерација е сѐпослаба од претходната, средината се менува, а ние не ги менуваме методите на воспитание и образование, рече […]

17/11/2023

🫣🫵

16/11/2023

Секој од нас може да придонесе најважниот ред да биде најдолг. Не критикувајте, не (о)зборувајте, активирајте се и делувајте...

Want your school to be the top-listed School/college in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Нова календарска година - стари воспитно образовни маки...#Образование #Деца #Ученици #Родители#Просветители #АлфаТв
Нашата училница - нашиот втор дом...
Почитувани, ова е мојот ученик Давид Долгоски. Ја имам таа чест да му бидам учител, за моја среќа.Зошто велам дека ја им...
Негативните влијанија од онлајн наставата кои допрва ќе се почувствуваат...
Еве како оди онлајн наставата во светот... - да, да баш така - лудо и незаборавно!
ООУ "Кочо Рацин" - ПрилепОдделение: Прво - Б Предмет: Природни науки. Тема: Од што е направено?Наставна единица: Мешање ...
Изненадувањеее!!! Матеа ни дојде во посета...
И се знае... победници V-б одделение 🏆🏆🏆

Location

Website

Address


Улица Борка Талески/Прилеп
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Other Prilep schools & colleges (show all)
ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп
Улица Мечкин Камен б. б
Prilep, 7500

City Cambridge School City Cambridge School
Aleksandar Makedonski 433 Prilep
Prilep, 7500

*АНГЛИСКИ *ГЕРМАНСКИ *ФРАНЦYСКИ *ИТАЛИЈАНСКИ *ГРЧКИ *ТУР

Преводи и часови албански јазик Преводи и часови албански јазик
Prilep, 7500

*Елена Радевска - Овластен судски преведувач од албанс