"Hristijan Karposh" Kumanovo

Основно Општинско Училиште

Operating as usual

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 30/11/2023

Нашето училиште учествуваше во лига систем Одбојка, машка конкуренција и го освои првото место и златен пехар! Честитки до учениците и менторот, многу успеси и понатаму!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 30/11/2023

Вчера, на 29. 11 2023, нашите доброволци од VIII одделение учествуваа во работилница организирана од CID, и сликаа на платно со акрилни бои на тема "Насликај ја младоста". Креираните слики подоцна ќе бидат донирани. Огромна благодарност до учениците Ана Колевска, Теона Стојчевска, Нина Божиновска, Марија Трајковска, Талија Петковска, Вилијам Трајковски, Ања Милевска, Анастасија Тодоровска, VIIIa, Теја Блажевска, Јована Илиевска, Јелена Богдановска, VIIIb, Лина Саздовска, VIIId!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 27/11/2023

Во месец октомври во нашето училиште беше спроведена кампања„ Рециклираме ЕЕ- отпад“ . Со предавања на дадената тема и изработка на хамери учениците беа запознаени со последиците од нивно фрлање на депонии и кои се придобивките при нивно собирање и рециклирање. Голема благодарност до сите ученици, родители и наставници кои учествуваа и дадоа свој придонес во рециклирање на електричен и електронски отпад. Одговорен наставник Габриела Бошковска

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 20/11/2023

Одделението за превенција и Општинскиот совет за детско престапништво организираа приредба за одбележување на Светскиот ден на детето, а воедно децата им дадоа пораки на возрасните со мотото Моjот, безбеден, убав град, а изненадувањето за децата дружење со нивните омилени ликови од цртаните филмови со кои се дружеа, играа и заеднички споделуваат пораки создадени од децата со менторите од сите основни училишта.

18/11/2023

Денес во ООУ„Браќа Миладиновци“-Куманово се одржа Регионален натпревар по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.📖📚✍️
Нашите ученички постигнаа голем успех:

Седмо одделение:
🥇ПРВО место- Ана Стевановиќ
🥉ТРЕТО место-Јована Милковска
Ментор-Фросина Пешевска

Деветто одделение:
🥈ВТОРО место –Александра Марковска
Ментор-Весна Алексова

Сите три ученички обезбедија пласман за ДРЖАВЕН натпревар!
БРАВО за нив!👏👏👏
Многу успех понатаму!🍀

17/11/2023
Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 17/11/2023

Вчера на 16.11.2023 година( четврток) нашите ученици од VIII и IX одделение со наставникот по хемија Ивана Димовска Нојковска во амфитеатарот на институтот за хемија на ПМФ присуствуваа на ,,Хемиски спектакл". Професорите хемичари направија неверојатна забава со изведување на најразлични експерименти, а задоволството беше наше...Среќа е да се почувствува магијата на хемијата како наука...Ние уживавме...

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 15/11/2023

Денеска се одржаа две манифестации по повод Месецот на книгата и по повод празникот 11 Ноември, а во таа чест беа организирани литературни конкурси на коишто учество зедоа наши ученици.

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ ја награди литературната творба на ученичката Ана Стевановиќ од VII-а одд. со ВТОРО место на тема „Да бев лик од книга“.

Друштвото на писателите на Куманово ја награди литературната творба на ученичката Елеонора Димитриевска од VII-д одд. со ТРЕТО место на тема „Мојот омилен лик“.
Ментор - Фросина Пешевска

Честитки за вредните и креативни ученички и уште многу успеси понатаму!!!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 10/11/2023

Учениците од четврто одд. со свои ликовни и литературни творби под мотото " Мојот град празнува" го одбележаа празникот на својот град Куманово. Изработија и постер со симболи на градот. Преку песна и игра "Куманово во срцето" покажаа како се сака својот роден град. Нека е среќен и вечен 11 Ноември 🤗 Наставник ментор Љубинка Велкова

07/11/2023

Во нашето училиште, денеска се одржа хуманитарен базар по повод Денот на ослободување на градот-Куманово во рамки на Проектот "Инклузија на деца со посебни образовни потреби" поддржан од Здружението за асистивна технологија "Отворете ги прозорците" и ДФ"Песталоци". На хуманитарниот базар имаше производи за секоја возрасна група, а присутните можеа да го слушнат и училишниот хор како и да ја проследат ликовната изложба со дела од учениците кои се посветени на градот Куманово. На хуманитарниот базар учествува и учениците со посебни образовни потреби заедно со своите образовни асистенти, кои дадоа голем придонес во успешната реализација, но исто така ги развиваа и своите социјални вештини. Хуманитарниот базар беше посетен од страна на голем број ученици, наставници и родители. Средствата кои се соберени ќе се насочат за опремување на ресурсна соба во училиштето за работа со сите ученици. Голема благодарност до сите што се вклучија а особено за членовите на стручната служба и пом. директорот како главни организатори на хуманитарниот базар. ВИ БЛАГОДАРИМЕ! ❤️

06/11/2023

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ утре со почеток во 11 часот, на хуманитарниот базар по повод ослободување на денот на градот Куманово!

03/11/2023

Со љубов за Куманово. Ве очекуваме на 07.11.2023 год.

02/11/2023

Почитувани пријатели,

Ова е само мал дел од она што Ве очекува на 07.11.2023 година по повод хуманитарниот базар по повод ослободување на денот на градот Куманово. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 30/10/2023

📢По повод октомври, месецот на штедењето, во рамки на кампањата за финансиска едукација на децата „Среќата е во малите чекори “ заедно со тимот вработени во Халкбанк АД Куманово и учениците од второ одделение од нашето училиште и нивните наставници беше одржана едукативна работилница.Приказни од букварот на Халки,одговори на квиз прашања,што се можеме да штедиме денес слушнавме од умните глави на нашите ученици.Низ игра и дружење денес го одбележавме Светскиот ден на штедење .Благодарност до Халк банка ,филијала Куманово и стручниот актив на наставници од второ одделение ,за оваа иницијатива.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 26/10/2023

По повод Месецот на книгата ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“- Куманово организираше литературен натпревар на тема „Да бев лик од книга“. Натпреварот се одржа во просториите на СОУ „Перо Наков“, а право на учество имаа ученици од сите основни и средни училишта во Куманово.

На овој натпревар ученичката Ана Стевановиќ од VII-а паралелка со својата поетска творба освои ВТОРО место под менторство на проф. Фросина Пешевска.

Честитки за Ана и ѝ посакуваме уште многу успешни литературни творби!!!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 26/10/2023

Музеј Куманово одржа работилница на учениците од I,II III ,IV и V одд. на тема:"ДЕТСКИ ИГРИ ВО XX ВЕК ВО КУМАНОВО И КУМАНОВСКО". Учениците се потсетија на заборавените игри и имаа можност да ги играат игрите и во училница. Голема благодарност до Музеј Куманово

ООУ,,Христијан Карпош” П.У с.Тромеѓа

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 21/10/2023

Денеска Отсекот за превенција при СВР Куманово и општински Совет за превенција на детско престапништво, организираа Игри без граници за сите основни училишта под мотото ,,Децата и полицијата". Преку игра,забава и дружење поминаа денешните игри низ повеќе дисциплини,а беа опфатени ученици од I до III одделение.На крајот на игрите на учениците им беа врачени благодарници за учество и успешна активност.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 21/10/2023

Во рамките на проектот ,,Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем, координиран од наставникот Марија.А.Стојановиќ.
Со неколку работилници во изминатата недела беше одбележан ,,Светски ден на храна” . Вредните ученици од второ и четврто одделение и нивните наставници Данијела Стефановска,Љубинка Велкова и Маја Давидовска ја истакнаа потребата од секојдневно консумирање на здрава храна и многу витамини во исхраната.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 17/10/2023

По повод на патрониот празник на училиштето „11 Октомври“, нашето училиште учествуваше во натпревар по одбојка и освои прво место. Огромна благодарност до учениците и нивните ментори. Секоја чест и само така продолжете во иднина!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 11/10/2023

По повод 11 Октомври, спроведен Општински натпревар за основни училишта во органзиација на Отсек за превенција и општински Совет за превенција на Детско престапништво, членови на ОСПДП, Сектор за образование, наставници, а под мото Спорт ДА Дрога Не, со порака до младите дека преку игра спорт дружење и меѓусебно почитување, ќе имаме здрава и безбедна младина што е цел на сите инститиуции на нашата Општина.

10/10/2023

Учениците од IVa одделение под менторство на наставникот Маја Давидовска Ви го честитаат празникот 11 Октомври Ден на востанието на македонскиот народ.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 07/10/2023

Во период од 02-06.10.2023 во нашето училиште, ,,Детската недела“ беше исполнета со многубројни активности:
-цртање и боење на плочникот во училишниот двор(ученици од I-ви одделенија )
-работилници и цртежи на тема „Другарство“ (ученици од I до IV )
-приредба со гостите од градинката „Ангел Шајче“, објект „Развигорче“(ученици од I, V и IX одделение)
Голема благодарност до:
-Марина Трајковска
-Љубинка Велкова
-Маја Мирчевска
-сите одделенски наставници од I одделениe
-учесници во приредбата под менторство на сите одделенски наставници од V-то
-Стефан Стојмановски
-Весна Алексова
- Стефан Илиевски и Филип Ставревски
- Даниела Стефановска
- Мимоза Манасиевска
Одговорните наставници за ,,Детска организација“- Фросина Денковиќ Величковска и Сања Тасевска им посакуваaт на сите ученици во ОУ,,Христијан Карпош,, здравје, успех во учењето и среќно и безгрижно детство!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 07/10/2023

По повод ,,Светски ден на учителот ,,а од страна на ЗОН учител беше организиран ликовен и литературен конкурс на кој учество зедоа повеќе наши ученици со нивните ментори.Ученикот Неџмедин Асани од II д одделение,под менторство на наставничката Сања Тасевска го освои второто место на ликовниот конкурс,,Мојот учител-моја инспирација,,.

06/10/2023

Вчера 5 Октомври по повод "Недела на детето"и "Светски ден на учителот"во Големата сала на Комитетот од страна на Здружение на просветни работници Куманово во соработка со Општина Куманово и Сектор за образование, беше организиран настан во кој присутни беа и нашите првачиња со своите учителки.На настанот нашите првачиња имаа можност да поставуваат прашања на градоначалникот, да се ракуваат и секако да си поминат еден прекрасен "поинаков" ден.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 30/09/2023

На 29 септември (петок) нашите вредни пчелички од трето и четврто одделение учествуваа со ритмички точки на Меѓународен саем на органски и традиционални производи. Со својата игра и песна предизвикаа внимание кај публиката и беа почестени со традиционални слатки. Ви благодариме дечиња за Вашиот настап на овој саем.

29/09/2023

Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај-Рекански Порои распиша литературен конкурс на кој учество зеде ученичката Сара Алексовска од VII-б одделение, под менторство на Фросина Пешевска.

Комисијата ѝ додели ВТОРО место на Сара, а нејзината творба „Мирно небо“ ќе биде отпечатена во стихозбирка која ќе биде промовирана на манифестацијата „Жуборења од Радика-2023“.

Честитки за Сара и ѝ посакуваме уште многу успешни творби како и досега!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 12/09/2023

Во нашето училиште се реализираше предавање на тема: Безбедно дома и на улица, со учениците од првото одделение. Работилницата беше организирана од страна на Општинскиот Совет за превенција и детско претстапништво. Ја продолжуваме соработката со МВР и ќе дискутираме и на други актуелни теми кои ги засегаат нашите ученици.

11/09/2023

Почитувани, повелете листа од слободни изборни предмети за IV одделение:

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 07/09/2023

Денес, на настан организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Europe House - Скопје, на нашето училиште и официјално му беше доделена ознаката за еТвининг училиште.

https://www.facebook.com/nacionalnaagencija?mibextid=ZbWKwL

04/09/2023

Почитувани, повелете листа од слободни изборни предмети за V одделение:

31/08/2023

Почитувани ученици,
Новата училишна година започнува на 1 септември, петок, според следниот распоред:
1, 3 (в, г, д), 5, 7, 9 одд сe првa сменa, од 07:15
2, 3 (а, б), 4, 6, 8 сe втора смена од 13:15.
За сите ученици кои користат ученички превоз има обезбедено превоз во истите термини.
Ви посакуваме среќна и успешна година со впечатливи моменти кои ќе ви помогнат да ги исполните вашите максимални потенцијали!

30/08/2023

Почитувани родители и мили првачиња:
Во петок, на 1 септември организираме свечен прием на првачиња, во 08:00 часот, во училишната сала!
Со нетрпение ве очекуваме и ви посакуваме незаборавен период на учење и дружење!

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 27/08/2023

Во периодот од 21 до 25 август 2023 година на Универзитетот во Глазгов, Шкотска, се одржа Европската конференција за истражувања во областа на образованието (ECER 2023), на која наставничката по англиски јазик од нашето училиште, Милица Тимчевска, зема учество како презентер на научен симпозиум од областа на инклузивното образование. Во тимот презентери беа и нашите партнери од проектот ДигИн: Здружението "Образование за сите" - Скопје (Розита Петринска - Лабудовиќ), Слободен Универзитет Болцано - Италија (Ана Фрицарин) и Универзитетски колеџ за образование на наставници - Грац, Австрија (Катерина Тодорова). Пред присутните беа претставени резултатите од спроведените истражувања во рамките на проектот.

Податоците од истражувањата се достапни на веб-страната на проектот: www.digin-education.at

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 19/08/2023

Отсек за превенција од СВР Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска организираше ликовен натпревар за основни училишта за ученици од IV, V и VI одд.под мотото "Безбедно лето за сите деца". Учество зедоа 15 основни училишта со нивните наставници и членови на ОСПДП. Целта на овие активности е да ги вклучиме нашите деца во игра, забава, меѓусебно дружење и почитување на различности. На тој начин растат заедно , се едуцираат и живеат во безбедна заедница- истакна Сам.Инспектор по превенција од СВР Куманово М-р Лиле Младеновска, која воедно е претседател на ОСПДП. На оваа манифестација зедоа учество и ученици од нашето училиште и се здобија со благодарница.

Photos from "Hristijan Karposh" Kumanovo's post 16/08/2023

Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво во рамки на активностите во проектот ,, Безбедно лето", денес пред Дом на култура организираше натпревар во шах меѓу општинските училишта.Целта е поттикнување на меѓусебно дружење и организирање на активности кои ќе ги оддалечат учениците од несакани пороци.Учествуваа и ученици од нашето училиште кои достојно не' претставија на шаховската табла.

Want your school to be the top-listed School/college in Kumanovo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Во нашето училиште, денеска се одржа хуманитарен базар по повод Денот на ослободување на градот-Куманово во рамки на Про...
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ утре со почеток во 11 часот, на хуманитарниот базар  по повод ослободување на денот на градот Куманово!
Со љубов за Куманово. Ве очекуваме на 07.11.2023 год.
Почитувани пријатели,Ова е само мал дел од она што Ве очекува на 07.11.2023 година по повод хуманитарниот базар по повод...
Учениците од IVa одделение под менторство на наставникот Маја Давидовска Ви го честитаат празникот 11 Октомври Ден на во...
„Биди горда татковино за на своите букви кирилски, на своите гласови исконски, за своите чеда македонски...“ – Рецитал н...
Дедо Мраз на мотор

Location

Telephone

Address

Radoje Dimik 55
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Other Elementary Schools in Kumanovo (show all)
ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово
Народна Револуција бр. 43
Kumanovo, 1300

Општинско основно училиште „Крсте Мисирков„ - Куманово

ООУ „Толи Зордумис“, Куманово ООУ „Толи Зордумис“, Куманово
Boro Prcan, 38
Kumanovo, 1300

Современ училишен центар по мерка на учениците и наст?