Руски јазик во Албион

🇷🇺|🇲🇰
Нашата главна цел е промоција и поддршка на руската и македонската култура, јазик и спорт.

Operating as usual

Photos from Руски јазик во Албион's post 04/10/2023

Деновиве сме дел од шестиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2023“. Учениците се претставија пред публиката со изведба на 🇷🇺руски традиционални песни со што оставија посебен впечаток пред многубројните посетители, но и ја збогатија културната програма на оваа манифестација којашто само по себе е разнолика и уникатна. Голема благодарност до организаторите и Ансамблот Славјанка за можноста да бидеме дел од овој концерт.

09/09/2023

На младите од целиот свет Руската Федерација им нуди стипендии за БЕСПЛАТНО студирање на најпрестижните универзитети во таа земја... сега висококвалификуваните кадри можат да заработуваат добри плати.

07/09/2023

Ви го најавувам интервјуто со Душко Андов, човекот којшто е добро познат на спортската јавност. Душко веќе долго време живее во Москва (🇷🇺Русија), а ние имавме можност лично да ни ги пренесе своите впечатоци од животот во Русија. Заедно со него позборувавме за личната кариера, за предностите кои ги нуди Руската Федерација за еден млад човек да одлучи своето кариерно остварување да го продолжи токму во оваа земја, за сликата на рускиот народ за 🇲🇰Македонија...

Целото интерју ќе може да го прочитате наскоро!

Photos from Руски јазик во Албион's post 28/08/2023

Москва никогаш не спие.🤩🌃

24/08/2023

Биди еден од 3️⃣5️⃣0️⃣ милиони луѓе коишто зборуваат на рускиот јазик❗️

➡️Курсот е наменет за ДЕЦА и ВОЗРАСНИ
➡️️Едукативна програма исполнета со голем број на отворени часови, натпревари, работилници, семинари и настани од културен карактер
➡️Можност за следење на наставата од далечина(ОНЛАЈН)
➡️Наставата започнува на 18.09.2023

Уписите започнаа, Ве очекуваме❗️

22/08/2023

🇷🇺 На 22 август во Русија се прославува важен празник - Денот на државното знаме на Руската Федерација.

Руската тробојка е стара над 300 години. Уште во 1705 година Петар I откако самостојно нацртал шема и го одредил редот на лентите, издал декрет според кој сите руски трговски бродови морале да пловат под бело-црвено-сино знаме.

📆 На 22 август 1991 година Врховниот совет на РСФСР усвои резолуција со којашто тробојката се смета за официјален симбол на Русија.

Денеска руското знаме е руска гордост. Симбол на силата, истрајноста и големината на рускиот народ.

Photos from Руски јазик во Албион's post 19/06/2023

Зад нас е уште еден многу успешен проект во низа проекти кои ги реализиравме оваа година со цел поддршка и промоција на руска култура во Македонија. Ми претставуваше голема чест да бидам дел од овој прекрасен настан по повод 6-ти јуни Денот на раѓањето на А.С. Пушкин и Денот на 🇷🇺рускиот јазик. Особена благодарност до Елена Сиљаноска за поканата, соработката, но и искуството и професионализмот коишто несебично ги сподели со мене со надеж за уште многу заеднички проекти.

Photos from Руски јазик во Албион's post 18/06/2023

Вчера во Рускиот центар во Скопје свечено беа врачени дипломите за освоените места од конкурсот по повод 6-ти јуни Денот на 🇷🇺рускиот јазик. Честитки до сите наши ученици за постигнатиот успех, но и за големата заинтересираност да бидеме дел од секој културен настан. Браво!❤️🇷🇺💪👏

16/06/2023

Нашиот професор Цветан Арсовски беше гостин на телевизијата Сител каде ги претстави активностите по 🇷🇺руски јазик, но зборуваше и за интересот и потребата од негово изучување во Македонија.

Photos from Руски јазик во Албион's post 15/06/2023

Благодарност до Амбасадорот на 🇷🇺Руската Федерација и госпоѓата Баздникина за поканата да бидеме дел од свеченоста по повод големиот празник 12 јуни - Денот на Русија.

13/06/2023

Голема благодарност до МРТ за поканата да бидам гостин во емисијата Македонија наутро - утринска програма на МТВ каде заедно со Елена Сиљаноска го најавивме претстојниот настан „Вечер на руска музика и поезија“, но и зборувавме за интересот за изучување на 🇷🇺рускиот јазик во Македонија.

Photos from Руски јазик во Албион's post 18/05/2023

Голема благодарност до Амбасадорот на 🇷🇺Руската Федерација Сергеј Баздникин и госпоѓата Баздникина како и до Координативниот совет на руските сонародници во 🇲🇰Македонија за поканата да бидеме дел од свеченостите по повод националниот празник 9 Мај - Ден на победата над фашизмот.

Photos from Руски јазик во Албион's post 26/02/2023

На поканата на професорите од Славистика ФлФ УкиМ и Руски центар Скопје, а на наше големо задоволство нашите ученици (🇷🇺русисти) за прв пат го посетија Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје и земаа учество во одбележување на празникот Масленица. Масленица е највеселиот празник во 🇷🇺Русија со кој се испраќа зимата и се дочекува пролетта. Празник пропратен со голем број на обичаи и верувања кои го прават самиот настан несекојдневен. Учениците уживаа во предавањето, а потоа се забавуваа со интересни интерактивни игри. Самиот настан беше збогатен со кратка креативна работилница за изработка на симболот на овој празник, а тоа е куклата Масленица. Додека поголемите курсисти ја посетија Библиотеката за Славистика каде се запознаа со фондот на книгите со кој располага самата библиотека, но и со студиските програми кои ги нуди Катедрата за Славистика. Учениците особен интерес пројавија за стипендиите кои ги дава Руската Федерација, но и за придобивките од изучување на 🇷🇺рускиот јазик. Голема благодарност до сите инволвирани во денешниот настан, а особена благодарност до професорите од Катедрата за Славистика при ФлФ и Рускиот центар во Скопје за поддршката со надеж за уште поплодотворна соработка во иднина.

22/01/2023

Зошто РУСКИ ЈАЗИК⁉️

Photos from Руски јазик во Албион's post 01/01/2023

Пусть Новый год принесёт в Ваш дом новые успехи и достижения, новые радостные эмоции, счастье и любовь! С Новым годом!🎆🇷🇺🥂

22/12/2022

Нашата ученичка Марија Талеска зема учество на Меѓународна олимпијада по 🇷🇺руски јазик во организација на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет и влезе во финале во категоријата 12-17 години. Марија е единствен учесник од Македонија кој влезе во финале и прекрасно ја претстави нашата држава на меѓународно ниво.Честитки Марија и ти посакуваме уште многу вакви успеси на кои заедно ќе се радуваме!👏

Photos from Руски јазик во Албион's post 18/12/2022

🏫👨‍🏫Нашите ученици (🇷🇺русисти) имаа прекрасна можност да го посетат Руски центар Скопје и да уживаат во предизвиците кои беа поставени пред нив на самиот час. Учениците преку креативни игри и загатки го збогатија своето познавање на 🇷🇺руски јазик, но и научија за претстојниот празник Нова година. За нас особена чест претставува големата заинтересираност на родителите кои воедно беа и учесници на самиот настан. Голема благодарност до Рускиот центар за поканата, топлото гостепримство, но и изненадувањата кои ги приредија на нашите ученици со надеж за уште поплодотворна соработка во наредниот период.🇷🇺🇲🇰

01/12/2022

Нашиот ученик Никола Додевски зема учество на Меѓународната олимпијада по 🇷🇺руски јазик во организација на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет и влезе во финале на натпреварот. Никола е наш прв ученик кој своето високо образование ќе го продолжи на еден од најпрестижните универзитети ширум 🇷🇺Руската Федерација! Честитки!👏

Photos from Руски јазик во Албион's post 05/11/2022

Изразуваме голема благодарност за поканата до 🇷🇺Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија и руските сонародници нашите ученици да присуствуваат на свеченоста по повод 4 ноември - Ден на народно еднинство. Особено важен и значаен празник за сите народите кои живеат во оваа многунационална држава. На настанот земаа учество основците, средношколците и студентите кои во иднина ќе имаат можност за добивање стипендија и продолжување на своето образование на еден од најпрестижните универзитети ширум 🇷🇺Руската Федерација.
С Днём народного единства!🥂🇷🇺🇲🇰

Photos from Руски јазик во Албион's post 06/10/2022

🏫👨‍🏫 Учениците коишто ја слушаат наставата по 🇷🇺руски јазик од далечина и кои успешно го положија курсот заслужено добија сертификати за владеење на 🇷🇺рускиот јазик. Честитки до сите!👏
Пред нас стојат нови предизвици кои заедно ќе ги реализираме во новата учебна година. Среќно!👏👨‍🎓👩‍🎓

Photos from Руски јазик во Албион's post 03/10/2022

Нашите ученици земаа учество на I Меѓународен конкурс "Моя галактика" по повод 12 април Меѓународниот Ден на космонаутиката во организација на Роскосмос и други субјекти.
На овој ден во 1961 година легендарниот 🇷🇺🌌👨‍🚀руски космонаут Јуриј Гагарин како прв човек полетал во 🌌вселената со зборовите "Поехали!" што на македонски јазик значи "Ајде да одиме!". Овој историски подбиг го отвори патот за истражување во вселената за добробит на човештвото.
🖼По завршување на конкусот делата беа претставени на изложба во Музејот на космонаутиката во Москва.
🏫👨‍🏫На сите учесници им честитаме за освоените дипломи и им посакуваме успех во новата учебна година.
#юрийгагарин #юрийгагарин🚀 #юрийгагаринпервыйвкосмосе #юрийгагаринпоехали

Photos from Руски јазик во Албион's post 15/08/2022

🏫👨‍🏫🇷🇺 Зад себе оставаме уште една успешна година во едукација на нашите ученици. Честитки за нашите 🇷🇺русисти за успешно положен завршен тест по 🇷🇺руски јазик. Ви посакуваме многу успех и уживање во понатамошното изучување на овој јазик.👩‍🎓👨‍🎓🎉🇷🇺
#рускийязык #рускијазик #учимерускијазик #учимезаедно #русија #македонија

Photos from Руски јазик во Албион's post 23/06/2022

Денеска нашите ученици земаа учество на свеченоста по повод доделување на награди и дипломи на победниците од литературниот конкурс посветен на 6 јуни - Денот на рускиот јазик и Денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин во организација на 🇷🇺Рускиот центар при УКИМ. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на Руски центар Скопје за можноста да учестуваме и топлото добредојде. Честитки за освоените места и Ви посакуваме многу успех по патот по кој чекорите.👏👩‍🎓👨‍🎓🎉🥇

Photos from Руски јазик во Албион's post 10/06/2022

Голема благодарност до Амбасадорот на 🇷🇺Руската Федерација и госпоѓата Баздникина за поканата нашето училиште да биде дел од свеченоста по повод 🇷🇺Денот на Русија.

07/06/2022

Честитки за нашата ученичка Марија Талеска за освоеното I (прво) место на рецитаторскиот конкурс по повод 6 јуни - Денот на рускиот јазик и Денот на раѓањето на големиот Пушкин во организација на Рускиот центар при УКИМ.

06/06/2022

Честитки за нашата ученичка Јована Спасиќ за освоеното I (прво) место во категоријата возрасни на рецитаторскиот конкурс по повод 6 јуни - Денот на рускиот јазик и Денот на раѓањето на големиот Пушкин во организација на Рускиот центар при УКИМ.

Photos from Руски јазик во Албион's post 05/06/2022

Нашите ученици со особено задоволство во еден глас ја испеаја легендарната песна Катјуша.🎙🎶🎶🎶🎶

04/06/2022

Кореографија на нашите ученици инспирирана од легендарната песна Катјуша.🕺💃

Photos from Руски јазик во Албион's post 04/06/2022

Настанот беше отворен со читање на стиховите «Я русский и этим горжусь» од Јуриј Резаев.

04/06/2022

Особено драго ни беше тоа што ја добивме таа чест да го отвориме овој настан со кореографија инспирирана од историскиот говор «Говорит Москва» и да пренесеме јасна порака до публиката која не поздрави со овации за поддршка.

Photos from Руски јазик во Албион's post 09/05/2022

По повод 77 годишнина од Големата Татковинска Победа против фашизмот денеска во 🇷🇺Русија се оддржа воена парада. Овој историски ден е многу значаен за човештвото, а особено за храбриот и истрајниот руски народ којшто даде огромен број на човечки жртви за да ја ослободи Европа од тогашната шафистика Германија. Денешниот ден е проследен со голем број на манифестации кои свечено завршуваат со спектакуларен огномет ширум 🇷🇺Русија.

09/05/2022

С Днём Победы!❤🇷🇺

19/04/2022

Според најновите истражувања на 🇪🇺Европската Унија 🇷🇺РУСКИОТ ЈАЗИК влезе во група на јазици со најголем интерес за изучување и зад себе остави голем број на европски јазици.

12/04/2022

На 12 април се одбележува меѓународниот Ден на космонаутиката. На овој ден во 1961 година легендарниот 🇷🇺🌌👨‍🚀руски космонаут Јуриј Гагарин како прв човек полетал во 🌌вселената со зборовите "Поехали!" што на македонски јазик значи "Ајде да одиме!". Овој историски подбиг го отвори патот за истражување во вселената за добробит на човештвото.

12 апреля 1961 года первый в истории полет человека в космос совершил 🇷🇺русский гражданин 👨‍🚀Юрий Гагарин. Это историческое событие открыло путь к освоению 🌌🚀космоса на благо всего человечества.
Генеральная Ассамблея ООН в своей резолюции от 7 апреля 2011 года провозгласила 12 апреля Международным днем полета человека в космос.
#юрийгагарин #юрийгагарин🚀 #юрийгагаринпервыйвкосмосе #юрийгагаринпоехали

01/04/2022

На 7️⃣2️⃣ конгрес на 🏟FIFA World Cup кој се одржа во Катар со мнозинство гласови 🇷🇺рускиот јазик стана официјален службен јазик во најголемата Меѓународна федерација на фудбалските асоцијации.

Photos from Руски јазик во Албион's post 07/03/2022

Вручение дипломов участников конкурсов «Елочная игрушка своими руками» и «Горстка Рождества и новогоднего настроения».
#рускијазик #учимерускијазик #русскийязык #изучаемрусскийязык

Photos from Руски јазик во Албион's post 12/02/2022

Вручение дипломов участников конкурса «Елочная игрушка своими руками».

Photos from Руски јазик во Албион's post 08/02/2022

В школе Албион в Куманово прошло награждение учащихся, принявших участие в конкурсах «Елочная игрушка своими руками» и «Горстка Рождества и новогоднего настроения». Практически все учащиеся школы приняли участие в конкурсах, многие из них получили дипломы победителей, даже не один. Молодцы!👏👏👏
В связи с тем, что сертификаты пришли перед началом зимних каникул, награждение школьников состоялось только сейчас. Как же ребята были этому рады!🇷🇺❤

#русскийязык #изучаемрусскийязык #рускијазик #учимерускијазик

Want your school to be the top-listed School/college in Kumanovo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Website

Address


Народна Револуција бр. 48
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 11:00 - 20:00
Tuesday 11:00 - 20:00
Wednesday 11:00 - 20:00
Thursday 11:00 - 20:00
Friday 11:00 - 20:00
Other Kumanovo schools & colleges (show all)
Центар за странски јазици "Big Ben" Центар за странски јазици "Big Ben"
Tane Georgiev 6 3/8
Kumanovo, 1300

Центарот за странски јазици "Big Ben" има повеќе од 15-годиш

Brelbo Brelbo
Ulica 1 Br. 54
Kumanovo, 1321

Welcome to the official page of the school for foreign languages Brelbo.