Позитивно воспитување - Pozitivno vospituvanje

Позитивно воспитување - Pozitivno vospituvanje

Позитивно воспитување на децата и учениците преку сов?

ПОЗИТИВНО ВОСПИТУВАЊЕ е неформална група на граѓани составена од педагози и наставници во ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово. Основачи на оваа идеја се Југослав Спасиќ помошник на директорот и наставник по предметите физичко и здравствено образование и изборен спорт, Сузана Денковска педагог во училиштето (поранешен одделенски наставник), Лидија Николовска библиотекар во училиште (наставник по македонс

Operating as usual

11/05/2023

КОНСТРУКТИВНИ НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО БЕС И ЛУТИНА
1. Споро броење до 10
2. Длабоко стомачно дишење
3. Прошетка во најблиска околина ( парк )
4. Активно вежбање- физичка активност
5. Читање книга
6. Слушање омилена музика
7. Гледање филм
8. Сликање- цртање
9. Учество во волонтерски акции ( поддршка на стари лица, лица со посебни потреби, еко- акции, социјално загрозени....
10. Развивање на емпатија
11. Почитување на разликите
12. Усвојување на вештини за преговарање и постигање договор

28/02/2023

Како родителите да ја канализираат и менуваат детската агресивност?
• Доследно пружајќи му љубов и внимание- зошто така детето ќе се чувствува сигурно и ќе има доверба.
• Не треба да се казнува со скратување на љубов и грижа за него, бидејќи љубовта и грижата се основа за здрав развој.
• Не треба да се казнува физички зошто така му праќаме порака и го учиме деке е во ред да се тепаш ако си посилен и поголем.
• Детето треба да е под надзор- родителите треба да знаат каде е детето и кои му се пријателите
• Да му се даваат позитивни примери за решавање на проблемите
• Да се спречува агресивното однесување (викање, користење вулгарни зборови,фрлање предмети) веднаш кога ќе се појави, а не да чека и да се реагира дури кога детето ќе претера.
• Да му се објаснуваат последиците од агресивното однесување
• Да се разговара за тоа како се чувствувало другото дете што е удрено- дека било навреденио, тажно, го болело......
• Да се учат на сочувство преку примери од возрасните
• Да се пофалува и наградува секој облик на добро однесување кон другите
• Ако се појавува негативно однесување да се укинат некои привилегии, но да не се лишуваат од физичка активност бидејќи е важна за децата
• Не дозволувајте премногу да гледа насилство на емисии или филмови, а кога ќе гледа треба да му се објасни дека во реалноста всушност е многу штетно и болно
• Да се учи да ги изразува емоциите, да знае дека може да каже дека чувствува лутина. Но, потоа да се рзговара за причините на лутината и како тој проблем да се реши
• Да се поттикнува на пријателство. Да се учи како да дели со др.деца, како да ги почитува правилата на играта.
• Да се учи на љубезност зошто така има повеќе шанси за биде избран за другар
• Да научи да не крие ако некое дете или возрасна личност кон него се однесува насилно
• Ако детето искажува изразена агресивност родителите треба да побараат стручна помош за советување. Но, добро е во советувањето да бидат вклучени и родителите.

Како родителите да ја канализираат и менуваат детската агресивност?
• Доследно пружајќи му љубов и внимание- зошто така детето ќе се чувствува сигурно и ќе има доверба.
• Не треба да се казнува со скратување на љубов и грижа за него, бидејќи љубовта и грижата се основа за здрав развој.
• Не треба да се казнува физички зошто така му праќаме порака и го учиме деке е во ред да се тепаш ако си посилен и поголем.
• Детето треба да е под надзор- родителите треба да знаат каде е детето и кои му се пријателите
• Да му се даваат позитивни примери за решавање на проблемите
• Да се спречува агресивното однесување (викање, користење вулгарни зборови,фрлање предмети) веднаш кога ќе се појави, а не да чека и да се реагира дури кога детето ќе претера.
• Да му се објаснуваат последиците од агресивното однесување
• Да се разговара за тоа како се чувствувало другото дете што е удрено- дека било навреденио, тажно, го болело......
• Да се учат на сочувство преку примери од возрасните
• Да се пофалува и наградува секој облик на добро однесување кон другите
• Ако се појавува негативно однесување да се укинат некои привилегии, но да не се лишуваат од физичка активност бидејќи е важна за децата
• Не дозволувајте премногу да гледа насилство на емисии или филмови, а кога ќе гледа треба да му се објасни дека во реалноста всушност е многу штетно и болно
• Да се учи да ги изразува емоциите, да знае дека може да каже дека чувствува лутина. Но, потоа да се рзговара за причините на лутината и како тој проблем да се реши
• Да се поттикнува на пријателство. Да се учи како да дели со др.деца, како да ги почитува правилата на играта.
• Да се учи на љубезност зошто така има повеќе шанси за биде избран за другар
• Да научи да не крие ако некое дете или возрасна личност кон него се однесува насилно
• Ако детето искажува изразена агресивност родителите треба да побараат стручна помош за советување. Но, добро е во советувањето да бидат вклучени и родителите.

24/06/2022

ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА РАЗВИВАЊЕ ВЕШТИНА ЗА ПОДОБРА КОМУНИКАЦИЈА
Детето видело дека има во кујната има колачиња и сака да изеде еден колач пред ручекот.
„Знам дека си лут и дека сакаш колач, ама јас не можам да ти дадам. Јас како родител знам дека е добро за тебе да ручаш, па да јадеш колач“. Со таков говор негативниот отпор на детето од бес ќе се трансформира во тага и разочарување, бидејќи детето увидело дека родителот го разбира. Детето може уште да бара, но треба да му се објасни дека сигурно ќе добие, но после ручекот. Ветува дека ќе добие, му одвојува еден колач на страна (за детето, за подоцна) му го покажува ручекот. На крај родителот му кажува дека многу го сака и го гушка.

22/03/2022

Здрава исхрана на децата за подобра концентрација
Треба да обезбедат состојки кои се потребни на нервните клетки за да го одржат својот метаболизам. Состојки кои се потребни за создавање на миелинска обвивка ( масна супстанца која ги покрива нервните влакна и ги изолира, како жиците за струја). На мозокот му е потребен шеќер, но не рафиниран шеќер. Ако шеќерот во крвта скока и паѓа, мозокот не е стабилен и децата губат уште повеќе концентрација. Децата треба да се хранат со низок гликемиски индекс.
Овошје: грејпфрут, јаболка, цреши, портокал.
Житарици: овесно брашно и трици, шпагети и ориз.
Зеленчук и мeшунки: соја, грав, леќа
Млечни производи: млеко и јогурт
Појадок: Треба да се комбинираат сложени јаглени хидрати и доста протеини.
Од здрави маснотии корисни за работа на мозокот ги има храната од морето, овошните масла, лососот, сината риба, оревите, сојата, авокадото, семето на лен. Ако детето не внесува од тие продукти тогаш детето треба да пие „ рибино масло “.
На децата треба да им се даде железо зошто недостаток на железо може да допринесе да се појави невнимателност, агресивност, раздразливост. Апсорбцијата на железо ја спречува кока-кола, кафе, чоколада, чај. Железо има во соја, житарица, бифтек, јачмен, леќа, цвекло, туна, суво грозје... Конзумирање на јадење или пиење кои содржат доста витамин С во оброк помага во апсорбција на железо. Млеко и сѐ што содржи кофеин, смалува апсорбција на железо.
Потребно е да се внесува калциум во организам. Добро е наутро да се пие млеко или јогурт.
Цинкот е корисен за подобро учење и однесување на детето. Богати извори на цинк се интегриран леб, јајца, храна од море, месо, ореви, разни семки...
Лецитин е извор на холин, кој помага на изградба на неуротрансмитерите. Го има во ореви, морска храна, соја, зеленчук. Може да се дава и во таблети.
Антиоксидансите многу позитивно влијае на учењето. Витамин Е, селен, хром, магнезиум, L-таурин, фолна киселина, витамин С.
Ако децата добиваат адекватни дневни дози се подобрува успехот во учењето.
Не треба да се внесуваат вештачки бои, вештачки засладувачи, конзерванси, напитоци со многу рафиниран шеќер, адитиви....
Пример за здрав појадок
1.Жито, јогурт, крушка или јаболка
2.Кајгана, леб на препечен на тостер, сок од портокал
3.Омлет, пециво од трици, овошен јогурт
4.Палачинки од интегрално брашно со џем од јагоди и чаша млеко
5.Интегрален леб со овошје или џем. Портокал или банана и чаша млеко.

03/03/2022

НЕУРОНАУКА И ПЕДАГОГИЈА
ДВА ФАКТОРИ ВАЖНИ ЗА РАЗВОЈ НА МИСЛОВНИ ПРОЦЕСИ КАЈ ДЕЦАТА:
СОН И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Формирањето на синапсите и созревање на мозокот се поклопува со должината на РЕМ фазата за спиење, која е најдолга во раното детство. Затоа е потребно да се грижиме децата доволно да спијат за да ги развиваат своите интелектуални способности. Покрај тоа бројот на синапсите важен за развој на интелетуалните способности се зголемува и преку игрите кои интуитивно ги игра детето (ротација на окото во својата оска, скокање, прескокнување, лазење, протнување, престој во природа и слично).

28/02/2022

ГРАДЕЊЕ НА СИЛЕН И СТАБИЛЕН КАРАКТЕР
1. Ставето го родителството на прво место. Добрите родители совесно го планираат времето со своите деца.
2. Размислувајте како го поминувате часовите и деновите во неделата. Размислете за времето што вашите деца го поминуваат со вас. Размислете како можете да ги вклучите децата во вашиот социјален живот и како вие да се вклучите во нивните животи.
3. Бидете добар пример зошто детето првенствено учи преку идентификација со родител.
4. Децата се како сунѓер. Треба да внимаваме што слушаат и гледаат. Телевизијата, интернетот, филмовите постојано испорачуваат пораки до вашите деца - морални и неморални и затоа треба да се контролира напливот на идеи и слики кои влијаат на детето.
5. Внимателно со казните. Секако дека на децата им требаат граници, но треба да се користат разумни казни. Заменете ги казните со петте вештини за позитивно воспитување:
Создавање соработка, замолување
Сослушување
Зголемување на мотивација со наградување –
Нагласување на авторитет
Задржување на контрола - давање "тајм-аут

6. Една од најдобрите работи што можеме да ги направиме за нив е нивните размислувања да ги сфатиме сериозно и да одвоиме време да ги сослушаме.
7. Бидете вклучени во училишниот живот на детето, бидејќи таму поминува поголем дел од своето секојдневие. Искуството што го стекнува таму е смеса од успеси и разочарувања. Начинот на кој се соочуваат со нив има влијание во текот на целиот живот.
8. Семејните собирања – ручек или вечера на маса не е само место за завршување на оброк. Истотака е и место за подучување, истакнување на нашите вредности, манири и правила на однесување.
9. Воспитувањето не треба да се сведе само на зборови. Родителите можат да им помогнат на децата да ја изградат својата личност- (навики за чесност, дарежливост, чувство на правда)преку промоција на морални акции: самодисциплина, добри навики за работа, мил и внимателен однос кон другите и учество во општествената заедница.

15/02/2022

СОВЕТИ ЗА ДОБРА КОНЦЕНТРАЦИЈА
на децата
1.Погрижете се детето редовно да јаде и доволно да спие.
2. Два литри течност дневно (најдоброо е чиста негазирана вода) се идеални за здравјето и бистрината на умот. Децата често забораваат дека им требаат многу течности. Според најнови истражувања недостаток на вода води кон нарушување на концентрацијата.
3.Надворешните извори на дразби (музика, звуци од телевизор или бучава во непосредна близина) треба да се отстранат додека ученикот учи.
4.По доаѓање од училиште детето е уморно и потребен му е одмор за да може одново да се концентрира. Свежиот воздух, спортот или дружењето им овозможуваат на децата брзо да ја обноват силата.
5.Меѓу учење различни наставни предмети неопходни се 10 минути одмор.
6.Читањето чудесно ја тренира концентрацијата.

13/01/2022

ПРЕТПАЗЛИВИ ДЕЦА
Овој вид деца се многу загрижени за она што ќе се случи следно денес, утре или воопшто во иднина. Сакаат да знаат што следно ќе се случи и што да очекуваат. Новите ситуации кај нив будат отпор. Потребни му се рутина, повторување и ритам. Мораат да имаат точно утврдено време за оброци, време за спиење, време за играње, време за мама и тато. Имаат добра природа и внимателни се. Бидејќи лесно не се одлучуваат што сакаат, мислат или чувствуваат, треба само да им се каже што да прават. Додека не се работи за некоја голема промена покажуваат голем степен на соработка. Мора да им се објасни дека се е однапред испланирано и внимателно разработено. Повторувањето им дава утеха. Не се толку подвижни како другите деца. Тие деца се задоволни само да гледаат и преку други да ја доживеат активноста. Околу седмата година е во ред да се охрабрат да учествуваат во нешто. Но, ако детето даде отпор да не се инсистира. Можат да се охрабрат со фраза: „ Сега е време и ти да се придружиш.“ Не можат да се охрабрат со „ Дали би сакал да се придружиш?“ На овие деца се често треба да им се даваат задачи за усовршување. Доколку не добијат таков вид на помош, може да се случи за ништо да не покажат интерес. Развивањето со постепено превземање на ризици и нови задачи. Бидете упорни во давање на повремени можности за да ги прошират своите интереси, но не инсистирајте на нивно учество. Со самото посматрање учествуваат на ниво кое им е потребно. Овие деца не сакаат некој да ги прекинува. Повторувањето им дава сигурност. Многу сакаат да не ги разочараат родителите и да не бидат отфрлени.
Овие деца очекуваат да бидат сакани. Сакаат да има ритуали во кои се во тесна врска со своите родители. Сеќавањето на времето кога сме биле сакани и подржувани од страна на родителите дава високо ниво на сигурност во понатамошниот живот.
Примери:
● Во сабота тато прави лепчиња во јајца или кајгана на посебен начин.
● Во недела наутро спиеме до доцна, а потоа мама прави омилени колачи или меси леб.
● Мама секогаш ми чита приказни пред спиење.
● Секоја сабота навечер сите заедно гледаме филм.
● Секој јануари одиме на зимување.
● Секоја вечер пред спиење сите раскажуваме што ни се случило тој ден.
Практични ритуали кои обезбедуваат ритам во животот на претпазливите деца и ги оспособуваат децата да развијат јаки организациони способности. Така можат да направат ред и да го одржат. Тогаш се смирени и можат да надминат големи пречки за да постигнат цел. Овие деца многу се сочуствителни и знаат да утешат, охрабрат и да пружат подршка.
Примери:
● Секогаш станување во исто време за училиште.
● Секогаш седи на своето место на масата.
● Оди на училиште секогаш во исто време.
● Облеката се избира навечер пред спиење.
● Ручање во исто време.
● Миење заби и облекување пижами секогаш во исто време.

28/12/2021

ЉУБОПИТНИ ДЕЦА

Тие деца се паметни, ведри, опимистични, не им е потребна особена мотивација, лесно се занимаваат со повеќе различни активности. Овие деца можат лесно да бидат зависници од видео игри и паметни уреди ако не им организираме различни стимулации (кампови, музеи, спортови, хор, театар, гимнастика, кино, лизгање, парк).

Како да се постапува со нив?

ПРИМЕР

Ако им се овозможи да се запознаат и имаат искуство со повеќе различни активности, постепено ќе научат да се насочат и ќе пронајдат нешто што навистина им се допаѓа и за што имаат соодветни способности.

24/12/2021

АКТИВНИ (ТЕМПЕРАМЕНТНИ) ДЕЦА – за нив потребни се „ Подготовка и организација“

Бидејќи за нив интересни се акцијата и резултатите потребно е да имааат добра организација, инаку ќе им биде многу лесно да се спротивстават на авторитетот на родителот. За такви деца е потребно однапред да се знае планот на активноста, какви се правилата и кој е главен (шеф).

ПРИМЕР

„ Ова ќе правиме. Прво ќе се лулате на лулашките, а потоа ќе одиме на игралиштето. Ќе се менувате на секои две минути.“ Кога ќе му покажеме јасен аранжман, тоа ќе покажува помал отпор. Таквите деца треба да се стават во позиција на лидер и така ќе станат порасположени за соработка. „Секој од децата треба да направи барем еден круг на игралиштето. Тебе те задолжувам да видиш дали сите ќе успеаат. Ти оди прв и на сите покажи им го патот.“ Имаат многу енергија и се нервозни ако се на едно место. Едноставно мораат нешто да работат и да не им се остави многу неорганизирано време. Тогаш се однесуват без размислување и по правило запаѓаат во неволја. Едноставно треба да го исцрпите. Тие сакаат да бидат дел од тимот кој победува. Пофалете ги и за мал успех. Кај овие деца потребно е многу повеќе да се употребува тајм-аут отколку кај другите. Со тоа што даваме тајм-аут, ќе сфатат кој всушност е главен и дека се дел од една цврста стабилна структура.

17/12/2021

СИТЕ ДЕЦА НЕ СЕ ИСТИ
Не можеме со сите да постапуваме исто.
Има 4 основни видови ( чувствителни, темпераментни, љубопитни и претпазливи ) и секако комбинации од овие видови.
ЧУВСТВИТЕЛНИ ДЕЦА
Тоа се деца со посилни емоции, кои подлабоко ги чувствуваат проблемите и се посериозни. Тешко склопуваат пријателство кои даваат отпор на нови работи. На почеток сакаат активности во кои ќе учествуваат и нивните родители.
„Треба да ги сослушаме и да им покажеме дека ги разбираме“.
За нив е важно да знаат дека не се сами и дека родителите ја чувствуваат нивната грижа или проблем. Но, кога ќе го поделет својот проблем или грижа со емпатични, сочуствителни родители, покажуваат олеснување и се чувствуваат поопуштено, релаксирано, не се чувствуваат напнато…па дури и ќе се охрабрат да учествуваат во нова активност.

TRUST Photo & Caption competition 14/12/2021

Драги пријатели доколку сакате гласајте на линкот за Лука на конкурсот на аматерска фотографија за човекови права во спортот и преку спортот и физички активности ❤♿🥇Ви Благодариме од срце

TRUST Photo & Caption competition Luka is a 13-year-old child with a high degree of cerebral palsy. With inclusive swimming, Luka swims in the Olympic City Pool for the first time, and his smile cheered his parents. The enjoyment, fun and smile on their faces warmed our hearts.

02/08/2021

МАШКИТЕ И ЖЕНСКИТЕ ДЕЦА МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВААТ

Главна разлика меѓу машките и женските деца е дека момчињата забораваат, а девојчињата помнат што е кажано или побарано од нив. Синот може да заборави, ако мајка му побарала нешто од него. А, ќерката не заборава, но и зборува повеќе за проблемите отколку што мислат татковците дека е потребно. Тоа е затоа што: машките сакаат што побрзо да ги заборават стресните ситуации, а женските сакаат првин да зборуваат за нив, да се ослободуват од негативните емоции со потсетување и повторно преживување на случката. Тие сакаат да бидат сослушани.

Момчињата
- Им треба повеќе доверба и признание за она што го прават.
- Им треба можност да направат нешто сами без помош.
- Се чувствуваат пресреќни, ако некому се е потребни.
- Сакаат да се пофали нивниот успех.
- Депресивни се ако никому не се потребни или ако не се способни да завршат некоја задача.

Девојчињата
- Им треба повеќе внимание.
- Имаат потреба да се чувствуваат почитувани поради тоа што се.
- Среќни се ако можат да ја добијат поддршката која им е потребна.
- Депресивни се ако сѐ треба да направат сами.
- За да се докажат како успешни, потребно им е да им се посвети внимание, разбирање и почитување.

14/07/2021

ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА УПОТРЕБА НА ВЕШТИНИ НА ПОЗИТИВНО ВОСПИТУВАЊЕ

Се работи за постапување со 14 годишно дете кое се спротивствавува, кај кое не биле употребувани вештините: замолување, сослушување, наградување, нагласување на авторитетот и тајм аутот.
Детето претходно било казнувано, но казната ништо не му значела и не допирала до него.

Кога децата се вон контрола потребен е тајм-аут за да се вратат. Тие се како автомобил ставен во брзина, а без возач.

Родител: „Сакам да одиш во друга просторија и земаш пауза од 15 минути.“
Дете: „Што ако не сакам?“
Родител: „Сакам да одиш во друга просторија и земаш пауза од 15 минути.“
Дете: „Не можеш да ме натераш!“
Родител: „Сакам да одиш во друга просторија и земаш пауза од 15 минути.“
Дете: „Ти не можеш да ме натераш!“
Родител: „Сакам да одиш во друга просторија и земаш пауза од 15 минути.“
Дете: „Што ќе ми направиш ако не сакам?!“
Родител: „Сакам да одиш во друга просторија и земаш пауза од 15 минути.“
На лицето на тинејџерот може да му се појавува израз на гадење, но сепак оди во другата просторија. По 15 минути одите во собата и на пријателски начин му кажувате: „Ако сакаш да се вратиш, сега си добредојден. Но, ако ти треба повеќе време, те разбирам и ако сакаш остани уште малку.“
По неколку минути би требало да се врати во просторијата кај вас.

Кога децата покажуваат отпор не треба многу да им се објаснува. Единствена причина поради која треба нешто да направи е затоа што вие сте возрасен - родител.
Би требало 4-5 пати да се повторува наредбата. Ако првин детето лутито одговара и кажува некакви лоши зборови додека заминува во друга просторија, а потоа по 15-30 доаѓа и зборува како ништо да не било, би било добро вие да не ја спомнувате караницата и да продолжите со нормална комуникација. Со
тоа покажуваме дека го сакаме, но не ги прифаќеме неговите негативни постапки.

25/06/2021

ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈА РОДИТЕЛ - ДЕТЕ

Ако на децата им дадеме љубов и разбирање кои им се потребни, повеќе не е толку важно да се исполнат нивните желби. Не остварувајќи им ги сите желби, децата стануваат свесни за она што е есенцијално, и понатаму во животот пречките и падовите нема премногу да ги вознемират. Ако се обидеме да го разбереме изворот на детскиот отпор понекогаш е доволно отпорот да се отстрани или да се изгуби.

Позитивното воспитување се насочува кон будење на желбата за соработка, а не да се манипулира со децата по пат на чувство на страв и грижа на совест. Кога децата даваат отпор, причината лежи во фактот дека тие сакаат нешто дуго и претпоставуваат дека возрасните треба да ги поддржат. Ако децата сфатат дека навистина разбирате што тие сакаат и што им е важно, нивниот отпор се намалува.

17/06/2021

„Задача на воспитувачот е да се потруди детето да не ја асоцира пасивноста со добро, а активноста со зло.“

- Марија Монтесори

11/06/2021

ЕДИНСТВЕНОСТА НА СЕКОЕ ДЕТЕ

На овој свет секое дете доаѓа со своја одредена судбина. Во телото, свеста и срцето на секое дете се наоѓа идеален нацрт на неговиот раст и развој. Возрасните (родителите) треба само да ги препознаат, почитуваат и да им дадат љубов и поддршка во процесот на растење како би се истакнале и развиле индивидуалните способности и нивната сила. Семето јаболка со време станува дрво јаболка. Од него не може да никне крушка или портокал. Треба да се разбере природниот процес на растот и развојот на децата и да не се попречува. Да им дозволиме на децата да бидат тоа што се.

Секое дете е еденствено и си има сопствени способности - квалитети, таленти, потреби, проблеми и мани. Ние како возрасни можеме само да му помогнеме да се соочи со проблемите и да ги реши, но не можеме да направиме да ги снема. Кога оваа ќе го сфатиме, помалку ќе се грижиме, нема да се обидуваме да го промениме или да ги решаваме неговите проблеми. Родителите не треба да превземаат одговорност за секој проблем кој детето го има. Многу време и енергија трошиме на размислување за тоа што сме можеле да направиме или што децата можеле да направат, наместо да прифатиме дека сите деца имаат свои проблеми, грижи и предизвици. На децата не им се потребни само нашата помош и прифаќање туку и предизвиците и проблемите. Решавјќи ги проблемите ќе го развиваат и својот карактер.

07/06/2021

„Постојат само две трајни наследства за кои се надеваме дека ќе може да им ги пренесеме на нашите деца. Едно од тие се корени, а другото крилја.“

- Гете

30/05/2021

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ НЕОПХОДНИ ЗА УСПЕШЕН ЖИВОТ

Со помош на позитивното воспитување кај децата ќе се развијат вештини и способности неопходни за успешен живот. Но, за да се развијат тие особини треба да се знае дека:

Децата не можат да научат да простуваат, доколку нив не им се простува.

Децата не можат да научат да бидат стрпливи ако добиваат сѐ што ќе посакаат.

Децата не можат да научат да ги прифаќаат своите недостатоци ако сите околу нив се прават дека се без мани.

Децата нема да научат да соработуваат ако сѐ секогаш се одвива како што тие сакаат.

Децата нема да научат да бидат креативни ако не им се дозволува да направат нешто самостојно.

Децата не можат да научат да бидат сочуствителни и да почитуваат ако не научат што е загуба или бол.

Децата не можат да бидат храбри или оптимисти ако не се соочат со потешкотии.

Децата нема да развијат истрајност и сила ако им се овозможува сѐ да им е лесно.

Децата нема да сакаат да се усовршуваат и да напредуват ако не почувствуваат тешкотии, грешки и пораз.

Децата нема да научат да бидат вистински горди и да се самопочитуваат ако не совладаат некаква пречка.

Децата нема да се насочат кон нивната цел ако барем некогаш не се спротивстават на авторитетот.

25/05/2021

„Играњето се често смета за одмор од озбилно учење. Но за децата играњето е озбилно учење. Играта е всушност работата на децата.“

- Фред Роџерс (Mистер Роџерс)

19/05/2021

КОМАНДИТЕ И БАРАЊАТА ТРЕБА ДА БИДАТ ПОЗИТИВНИ

Не ја удрај сестра ти! - Негативно
Сакам да престанеш да ја удираш сестра ти! - Позитивно
Сакам да бидеш добар со сестра ти! - Позитивно
Престани да се зафркаваш и среди си ја собата! - Негативно
Сакам да престанеш да се зафркаваш и да ја средиш собата! - Позитивно
Сакам веднаш да ја средиш собата! - Позитивно
Не разговарај така! - Негативно
Не сакам така да разговараш! - Позитивно
Сакам да покажеш почитување и да кажеш убави работи! - Позитивно
Облечи јакна! - Негативно
Сакам да престанеш да ми одговараш! - Позитивно
Сакам до соработуваш и да ја облечеш јакната! - Позитивно
Подобро да ме слушаш или .... - Негативно
Сакам да престанеш да се играш и да одиш да измиеш заби! - Позитивно
Сакам веднаш да измиеш заби! - Позитивно

Ако на крај децата ви одговориле на вашето барање, оставете ги неколку минути и потоа со пријателски тон заблагодарете им се. Така јасно им ставате на знаење дека може понекогаш и да бидете строги и упорни во барањата, но во исто време дека цените што го прифатиле вашето барање.

„Можеме за тоа да зборуваме подоцна, но сега сакам да се сложувате.“

На децатата им е потребен цврст, грижлив родител. Можат малку да негодуваат, но ќе се вратат на тоа дека возрасните се главни. Доколку бидете упорни и ја повторувате командата, а ја избегнувате дискусијата или расправата, вие сте победиле. Кога ќе победите во неколку битки, вашето дете ќе стане покооперативно.

10/05/2021

НАГЛАСУВАЊЕ НА АВТОРИТЕТ

Понекогаш наградите не се доволни отпорот да се сведе на минимум и да се зголеми соработката. Кога давањето награди не покажува успех, време е да го нагласите својот авторитет како родител и да ја повратите контролата.

Децата се раѓаат со желба да ги задоволат родителите и да соработуваат со нив. Тие се предодредени да го почитуваат „шефот“. Само преку усмерување, а не со користење на страв и грижа на совест, родителите ќе ја сочуваат својат моќ и ќе ја имаат контролата. Децата сакат да ги задоволат родителите, но воедно имаат и свои желби и потреби. Ако им се дозволи да се сослушаат и да ги искажат своите желби, децата ќе прифаќаат соработка и ќе ги исполнуваат барањата на родителите. Ако влијаеме на нив само преку развивање на грижа на совест ќе бидат послушни, но ќе загубат дел од својата личност и подоцна во животот само ќе задоволуваат, ќе им угодуваат на други луѓе. Ќе бидат склони повеќе да даваат отколу да примаат.

Јасна и цврста команда повторена повеќепати без емотивен немир е најефикасна. Одлучно се повторува командата со непоколебливост и детето кога ќе почувствува дека нема попуштање ќе прифати. Не објаснувајте и не прибегнувајте на емоции. Емоции, објаснувања, грижа на совест, викање или претење го слабеат авторитетот. Ако детето се спротивставило на првите три чекори, родителот мора јасно да покаже кој е главен. Всушност на детето му треба силен водач, на кој може да се потпре. Моќта на командувањето ќе порасне ако зебележат дека не сте премногу вознемирени. Бидете смирени. Не треба своите чувства да ги делите со децата за мотивација зошто така се поткопува апозицијата дека вие сте главни. Подобро е да се помогне децата да ги изразат своите емоции, а не да се оптеретуваат со нашите емоции. Посебно не треба да се откриваат емоциите кога децата се спротивставуваат на соработка. Наредувањето подобро се прифаќа ако предходно е сослушано детето.

Ако случајно некогаш не можете да се контролирате, изгубите контрола, се вознемирите и викате, добро е потоа да се извините за вашето викање и да ја признаете својата грешка. „Сакав да соработуваме, да се договориме, а не да викам по тебе.“ Деца кои се спремни на соработка нема да се бунат или ја прекинат соработката со родителите - возрасните за да ја развијат својата индивидуалност во адолесценцијата.

Викањето е еден од најлошите облици на комуникација. Кога викате на децата или особено на тинејџерите како да им порачуваме: „Не ме слушај“ и тие на крај престануваат да слушаат. Кога викате децат губат желба вие да ги водите. Така всушност вие и ја губите позицијата на водач и главен во меѓусебните односи.

И возрасните имаат потреба и сакаат да се чувствуваат подобро, добро е со некој да се споделат негативните емоции – но, со друг возрасен. Не е соодветно да се споделат негативните емоции со децата зошто тие сеуште се учат да излезат на крај со своите емоции и не ќе можат да се носат и со емоциите на возрасните.

04/05/2021

[ПРЕПОРАКА: ЛИТЕРАТУРА]

„Емоционална интелигенција„ - Даниел Големан (Emotional Intelligence: Why It Can Matter More Than IQ - Daniel Goleman)

Книгата „Емоционална интелигенција“ од Др. Даниел Големан, предавач на Харвард универзитетот и уредник на часописот Psychology Today, покажува како со емоционалниот живот може да се управува на интелигентен начин. Објаснува како може луѓе со висок коефициент на интелигенција да доживуваат несупеси, додека други луѓе со скромен IQ можат да напредуваат и да бидат многу успешни. Покажува дека емоциите се во самиот центар на способноста за живот и тие го водат нашето размислување, определувањето на изборот на вредностите и нашето опстојување.

https://www.goodreads.com/book/show/26329.Emotional_Intelligence

29/04/2021

НАГРАДУВАЊЕ

Покрај замолувањето и сослушувањето и наградата може да се користи за зголемување на мотивацијата и позитивно воспитување на децата. Ако се договариме со децата и понекогаш им се ветат награди не значи дека им удоволуваме само на нив, дека им и даваме сѐ што ќе посакаат. Всушност, сосема спротивно, да се награди детето значи да се бара од детето да ги задоволи нашите желби и за возврат да добие нешто подоцна. Така всушност децата се учат на одложување на наградата. Ако на децата им ги спомнуваме само нивните грешки не можеме да очекуваме воља за соработка. Децата често престануваат да ги слушаат возрасните и зошто не добиваат доволно признание за добрите работи што ги завршиле.

Доколку, пак, го наградите позитивното однесување, тоа позитивно однесување ќе биде се почесто. Така децата ќе се чувствуваат и доживуваат како добри и успешни. Не треба да викаме на децата кога се спротивставуваат туку да ги сослушаме. Важно е да научат дека животот е процес во кој се дава и се добива. За да добиеш повеќе, треба повеќе и да дадеш. Ако правилно се наградуваат децата ќе мислат повеќе и на себе и на другите.

Want your school to be the top-listed School/college in Kumanovo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address

Narodna Revolucija 43
Kumanovo
1300
Other Education Websites in Kumanovo (show all)
Кумановски Астрономски Клуб - Кокино Кумановски Астрономски Клуб - Кокино
Народна Техника
Kumanovo, 1300

Главната цел на друштвото е популаризирање на астрономијата како наука.Друштвото е отворено за сите з