ООУ „Ванчо Прке“-Делчево

ООУ „Ванчо Прке“-Делчево

Јавна установа чија основна дејност е воспитание и обр

Operating as usual

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 28/12/2023

НОВОГОДИШЕН БАЗАР🕸🖼👨‍👩‍👦‍👦
Традиционално, нашите ученици од прво до петто одделение по повод новогодишните празници, денес во Салата за свечености како и во соработка со општина Делчево, со учество на учениците од шесто до деветто одделение, денес се претставија со новогодишни изработки . Предводени од своите наставници од одделенска настава и од наставничката Антонела Манова во предметна настава , дадоа свој придонес во збогатувањето на креативноста, хуманоста, но и заедничката дружба во споделувањето на идеи и подарувањето на изложените украси како новогодишни подароци. Учениците, заедно со своите родители, баби и дедовци како и вработени во училиштето беа присутни во голем број за да им дадат поддршка, но и да купат од новогодишните креации и ракотворби. Новогодишниот базар беше од хуманитарен карактер.
Од сите нас заедно , на овој убав предновогодишен ден Ви посакуваме среќата да Ви биде вечност во Вашите домови, љубовта вечен пријател, здравјето ~ непресушно богатство.
СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА✨️

22/12/2023

✍️Не смеете да ја загубите вербата во хуманоста. Хуманоста е океан, кој ако се заматат неколку капки, нема и целиот океан да биде валкан, рекол Махатма Ганди.
Голема благодарност до добронамерните хумани донатори, од ОЈУДГ"ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ ", за наш ученик од социјален ризик кому донацијата е наменета за нови зимски обувки и облека ., која ќе му биде доделена во износот на дадените парични средства.
ОВА Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА СИТЕ НАС ДА ПРОДОЛЖИМЕ ЗАЕДНО ДА СИ ПОМАГАМЕ ТОГАШ КОГА НА СИТЕ НАШИ УЧЕНИЦИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ⚘️

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 18/12/2023

Денес на одделенскиот час на нашите ученици од трето до деветто одделение им беше одржано едукативно предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства, од страна на Помошник командир за јавен ред и мир Марија Аџиска и Водич на безбедносен реон Марија Постоловска од МВР од полициската станица во Делчево. 👨‍👩‍👧‍👧На учениците им беа воочени разните опасности и повреди како и други последици од нивната употреба како и високите казни кои ќе ги следуваат оние кои употребуваат петарди и слични пиротехнички средства , според законските мерки.

16/12/2023

🎉ЧЕСТИТКИ ЗА НАШАТА УЧЕНИЧКА САРА ДИМИТРОВСКА од VII -1;одделение, која на ✍️Државниот натпревар по Македонски јазик/Македонски јазик и литература, кој се одржа денес на 16.12.2023 на
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје,
ГО ОСВОИ ТРЕТОТО ( III ) МЕСТО СО ОСВОЕНИ 89 поени. Честитки и за нејзиниот ментор Билјана Стоиловска .
🤝ЧЕСТИТКИ САРА, ПРОДОЛЖИ И ВО ИДНИНА ДА БИДЕШ УСПЕШНА И ДА ПОБЕДУВАШ.👏👏👏👏👏👏👏

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 11/12/2023

👨‍👩‍👦‍👦👩‍❤️‍💋‍👨🎉⁹Во рамките на активностите кои се реализираат во општина Делчево, по повод Денови на хуманоста , како и Меѓународниот ден на социјалната правда и 3Декември посветен на лицата со попреченост, нашето училиште денес реализира интерактивен одделенски час со нашите ученици.
Суштината на овој одделенски час е да ја поттикне емпатијата, која треба да ја негуваме во животот и кога сме среќни и кога ни е најтешко , заедно со нашите другарчиња, наставници, родители и педагошко- психолошката служба во училиштето. Воедно беа доделени и награди од распишаниот литературен конкурс на тема :
„Јас сум ти - ти си јас - ИСТИ СМЕ". Секој од нас може да биде подобар, потолерантен, да се обиде да ги гледа работите низ призмата на другиот, но и да ги искаже слободно своите мисли, проблеми и да побара помош и разбирање

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 01/12/2023

Нашето училиште имаше чест да биде дел од петте училишта од Р.Северна Македонија, да присуствува на настанот во Тирана заедно со останатите Балкански земји, по покана на Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор - Македонија
💥 ВИЗИЈА~УЧИЛИШТЕ СО РАЗБИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ~ИМПУЛС ЗА УСПЕШНА СРЕДИНА
Во реализацијата на проектот ARISE~ проект за намалување на нееднаквостите во образованието , со финансиска поддршка на @Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, на нашите ученици им беа обезбедени три канцелариски маси и 18 столчиња соодветни на димензиите на канцелариските маси.
✍️Катчето за ученичка поддршка има за цел да им обезбеди услови за учениците кои дома немаат доволно услови и средства за учење читање, пишување на домашните задачи и др. потреби како и на другите ученици да можат да го користат просторот и ресурсите во катчето, за да можат да ги користат книгите и енциклопедиите во училишната библиотека за истражување или реализирање на разни теми и содржини, за истражување или правење на презентации како и креирање на текстови и есеи, за организирањена разни настани и воннаставни активности. Овде учениците од социо-економски ранливи групи ќе можат додека чекаат превоз до дома или по часовите да бидат згрижени.
Катчето за ученичка поддршка се користи и од страна на Училишниот парламент за состаноци, средби со ученичкото тело, планирање активности од проектот АРИСЕ .
Одвивањето на активностите ги следи тимот кој работи на проектот заедно со директорот на училиштето , со наставниците и педагошко - психолошката служба кои директно соработуваат во создавањето морални вредности и постигањата на учениците во наставата и во воннаставните активности.

20/11/2023

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
По повод 3Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, нашето училиште распишува ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС на тема:
"Јас сум Ти , Ти си Јас - исти сме “, посветен на сите деца, со цел да ја разбудиме свеста за заединштво и еднаков пристап на лицата со попреченост. Текстовите да бидат напишани во проза, со име и презиме на ученикот , име на училиштето и телефонски број на ученикот/менторот . Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение. Творбите да бидат испратени на нашиот училишен меил : e- mail - [email protected], до 01.12.2023 година (петок). Наградените творби ќе бидат прочитани во нашето училиште на 04.12.2023 година (понеделник) на културно- уметничката програма во Салата за свечености

18/11/2023

✍️На Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература кој се одржи во ООУ" „НИКОЛА КАРЕВ", КОЧАНИ, нашата ученичка
САРА ДИМИТРОВСКА од VII-1 одделение под менторство на наставничката Билјана Стоиловска освои ВТОРО (II) МЕСТО .
Честитки за постигнатиот успех .
Им посакуваме и на престојниот Државен натпревар по македонски јазик и литература, да бидат меѓу најдобрите со високи резултати.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 16/11/2023

👩‍🚒ПОКАЗНА ВЕЖБА 'Спасување од пожар", ТППЕ -ДЕЛЧЕВО
Денес на 16.11.2023 год(четврток) според планираните активности од годишната програма на училиштето, беше изведена показна вежба од страна на ТППЕ- ДЕЛЧЕВО, во 09:00 часот , во нашето училиште со симулација на пожар од Спортската сала и евакуација на повредени лица од училиштето. Со звукот на сирената, учениците според дадените насоки за правец на евакуацијата "ИЗЛЕЗ" од 8 влезови на училиштето, учениците и сите вработени излегоа за 3 и 30 секунди Симулацијата на повредени ученици од првиот кат и приземјето беше извршена со изнесување на учениците за 15 минути од страна на добро организираните пожарникари од противпожарната служба на ТППЕ-ДЕЛЧЕВО.
Во акцијата за спасување се приклучи и ОО "ЦРВЕН КРСТ", ДЕЛЧЕВО, кои со нивните волонтери навреме дадоа прва помош од изгореници на учениците кои беа изнесени на носилка. Показната вежба беше успешно реализирана и времетраењето на активностите за спасување од пожар, нашите пожарникари ја реализираа според предвидените насоки.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 15/11/2023

🎶💃🕺СЛОБОДНИ УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ
Денес стручниот актив од прво одделение на часот по слободни ученички активности на тема на наставната содржина :
"Посета на позната личност", го поканија координаторот на КУД"Никола Јонков Вапцаров ", Трајановски Кико , да ги запознае со фолклорните традиции на нашиот Пијанечко-Малешевски крај со нашите народни песни и ора, со цел уште од мали нозе да ја развијат љубовта кон македонската народна песна и оро.
Часот беше збогатен и со многу весели и насмеани лица на нашите првачиња кои низ песна и игра го реализираа овој навистина интересен час. Му се заблагодаруваме на нашиот долгогодишен соработник Трајановски Кико, за одвоеното време кое им го посвети на нашите првачиња.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 31/10/2023

ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ СВ. ИЛИЈА СЕЛО ЅВЕГОР
🌲🌾🏵 Во овој последен октомвриски ден 31.10.2023 год. нашето училиште заедно со партнер училиштето ООУ„ Живко Брајковски", општина Бутел, Скопје , засадивме зимзелени садници во манастирскиот комплекс во село Ѕвегор. Целта на нашата акција во природа, беше да ги поттикнеме сите љубители на природата да започнат со засадување на млади садници токму со месец ноември , во овие предели од Пијанечко- Малешевскиот крај од каде што изминатите години беше направена огромна штета на шумскиот појас од пожарите. Изразуваме благодарност до Директорот на ЈП „Национални шуми“, Подружница Делчево , кои ни дадоа целосна поддршка со дадените садници од зимзелени дрвца. Нашето заедничко дружење беше исполнето со ентузијазам и желба за повторно организирано да имаме уште многу вакви акции и во наредниот период.
Шумите се составен дел од нашите животи и тоа на многу сложени начини кои допрва почнуваме да ги разбираме. Почнувајќи од намалување на стресот па сѐ до апсорбција на јаглерод и регулирање на климата , тие имаат голема улога за нашето здравје и здравјето на нашата планета.

13/10/2023
Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 13/10/2023

🌼🌲🌳ЕСЕНСКА ПРОШЕТКА
💥Денес на 13.10.2023 год. на овој убав есенски ден учениците од нашето училиште организирано пешачеа од училиштето до месноста "Манастирски ендек". Сите наставници и одделенски раководители заедно со наставниците по Физичко и здравствено образование, имаа спортски натпревари и игровни активности со кои учениците поминаа убави, физичко~активни и дружељубиви заеднички дружења за кои радоста и насмевките на нашите ученици беше вистинско задоволство..
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦На крајот учениците заедно со наставниците организирано го собраа отпадот што самите го направија на целата зелена површина со негово поставување во ќеси за отпадоци.
👉 Со тоа покажаа одговорност и еколошка свест за да ја зачуваат чистотата на овој убав манастистирски комплекс, остварувајќи ја вистинската цел која беше планирана на оваа есенска прошетка.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 10/10/2023

Денес нашите ученици од осмо и деветто одделение со наставниците од училишниот тим за проектот од Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës, за Меѓуетничка интеграција и мултикултурализам , одржаа работилница на тема : „ Активности и едукација за есенско садење на дрвја и садници“, заедно со партнер- училиштето ООУ„ Живко Брајковски“, населба Бутел , Скопје. На работилницата наставниците по Биологија , на македонски и албански наставен јазик, презентираа свои едукативни содржини и слики од активностите на двете партнер- училишта за засадување на садници во училишниот двор. Наредната средба со планираните активности за садење на садници ја договоривме да биде во Делчево на 31.10.2023 год, каде што нашето училиште ќе биде домаќин и организатор на еколошките активности во подножјето на планината Голак.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 10/10/2023

⚘️Нашите ученици од прво одделение пред споменикот на паднатите борци, во чест на :
✨️11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 06/10/2023

💥💥💥💥СВЕЧЕНО ВЕТУВАЊЕ
🎉Денес е последниот ден од реализираните активности на Детската недела,
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦Првачињата на овој ден го дадоа свеченото ВЕТУВАЊЕ со богата културно -уметничка програма која заврши со натпреварувачки карактер на учениците од прво и четврто одделение .Учениците се натпреваруваа, во врзување патики, кој прв ќе успее да си ги врзе своите обувки.
Тука на ѕидното катче беа поставени и ликовните изработки на учениците од прво и петто одделение на тема "Мојот детски свет"
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦На сите првачиња им го честитаме зачленувањето во детската организација.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 02/10/2023

ДЕТСКА НЕДЕЛА под мотото "ЈАС И СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ",
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦Почетокот на Детската недела за оваа учебна година започнува од 02.10 .2023 година која ќе трае до 08.10 .2023 година.
Во рамките на Детската недела која што е и законска манифестација наменета за децата, член 221 од Законот за заштита на децата (Сл..весник на РМ член ...13/2013) сите земји вклучително и РС Македонија, членките на ООН, треба да стават посебен акцент на детските права. Токму затоа - како и по повод " 2Септември-Светскиот ден на детето" , денешнава активност во нашето училиште беше одржана на часот на оодделенската заедница за учениците од шесто до деветто одделение
на тема "ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ". Предавањето беше реализирано од страна на Педагогот и Псохологот од нашето училиште како и претставници од
🏥ОО на Црвен крст ", од Делчево кои преку нивниот проект "Промоција на хумани вредности ", ќе бидат дел од заедничките активности кои оваа учебна година ќе ги реализираме заедно.
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦Учениците разговараа за
видовите насилства кои треба да се препознаат и да се пријават со цел навреме да бидат информирани сите засегнати страни кои заедно превентивно ќе се вклучат за да го пријават и да биде разрешено. Учениците беа запознаени и со начинот како тоа може заедно со сите служби од училишниот триаголник и стручни служби и институции да биде спречено.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 29/09/2023

🫐 БРАВО за нашите ученици кои беа учесници на годинашнава
" СЛИВИЈАДА" '2023 година и ја освоија
ПРВАТА НАГРАДА ЗА НАЈУБАВО УРЕДЕН ШТАНД со разноврсни и вкусни производи од нашата ПИЈАНЕЧКА СЛИВА.
💥За секоја пофалба беа сите учесници кои исто така имаа прекрасно декорирани штандови и имаа со што да се претстават , претставувајќи ги нашите кулинарски специјалитети. Секако секоја чест и за фолклорните настапи
на учесниците во културно-уметничката програма кои со своите песни и ора ја збогатија оваа наша делчевска манифестација.
💥Собраните средства од продажбата на приготвените специјалитети, ќе бидат наменети во хуманитарни цели за ученици од нашето училиште со социјален ризик.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 28/09/2023

🍀🌾🍃ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР
Нашите ученици денес на часот по Биологија, со нивната наставничка, одржаа нагледен час во природа на тема: Засадување садници во училишниот двор" со учениците од 9-3 и 9-4 одделение.
👨‍👩‍👦👨‍👩‍👦 Учениците треба да умеат и преку практична примена да знаат како и на кој начин постапно се подготвува теренот за засадување на млади садници и се што е потребно за да можат тие да растат , да се одржуваат и да бидат посадени на соодветна почва . Секако наставничката им воочи дека учениците треба и понатаму да го следат и нивното понатамошно растење и негување.
💥Целта е 👉учениците во иднина по сопствена иницијатива да учествуваат во други такви слободни активности со што ќе се развие нивната свест и одговорност за обновување и одржување на зелените површини Тоа е и дел од проектните активности кои и понатаму ќе се реализираат за заштита на нашите шуми каде што заедно со учениците од ООУ"Живко Брајковски ",населба Бутел од Скопје ќе имаат акции за пошумување на соголените ридско-планински површини во Пијанец и планината Голак и на Водно .

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 27/09/2023

Денес 27.09.2023 год. Општинската организација на Црвен крст од Делчево, со нивните претставници Елена Петровска и нивниот ангажиран волонтер Сара Стојменова, одржааа предавање на нашите првачиња, со цел да ги запознаат со значењето и работата на нивната хуманитарна организација . Нашата соработка е на завидно ниво и секогаш кога е потребно , ни биле наши помагатели. Им се заблагодаруваме за добиената донација од училишен прибор за нашите првачиња и нашата соработка продолжува со други планирани едукативни активности кои се во тек.

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 26/09/2023

Денес 26.09.2023 година нашите првачиња имаа едукативно предвање за превенција и заштита на забите и одржувањето на нивнта хигиена со цел создавање здрави навики на првачињата од мала возраст редовно да си ја одржуваат чистотата на забите. 👩‍🔬Предавањето го реализираше Др. Веселинка Ивановска , специјалист по детска и превентивна стоматологија. Едукацијата беше на тема :
„ ЗДРАВА НАСМЕВКА 😊 “.
👨‍👩‍👦Првачињата со голем интерес ја следеа едукацијата и советите на докторката, но ни дадоа и ветување, дека редовно ќе ги мијат забите, за да имаат убава насмевка .

Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 25/09/2023

🌷🕊👨‍👩‍👦По повод 21 Септември Меѓународниот (Светски) ден на МИРОТ денес на часовите на одделенската заедница, одделенските раководители од одделенска и предметна настава одржаа работилници со разни дидактички и ИКТ презентации , користејќи го и прирачникот за Животни вештини. Целта на часот беше учениците да се запознаат со значењето на овој ден како мотив и поттик, за да се вреднува толеранцијата и еднаквоста на учениците и нивната меѓусебна соработка.
🕊🕊🕊Меѓународниот ден на мирот, официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на овој датум. Тој е посветен на мирот во светот, и особено на отсуството на војна и насилство, што може да биде резултат на привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош. Денот за прв пат бил прославен во 1981 година и го одбележуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе. Во 2013 година, Генералниот секретар на Обединетите нации денот го посветил на едукацијата за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.
 Во одделенска настава наставниците на слободните активности рализираа ликовни активности на тема „Толеранција и мир во училиштето“ и разговораа на истата тема.
 Одделенските раководители во предметна настава на часот на одделенската заедница одржаа работилница, (секој во својата паралелка) на тема „Толеранција и мир во училиштето и локалната заедница. Изработките се од паралелките : II-1,II-2, VI-2 и VI-4, VIII-1, VIII-3 .
Исто така и на часот по Граѓанско образование наставничката со своите ученици од 8-3 одделение истражувањето и дискусиите ги реализираа на додатна настава во четвртокот и петокот и изработија презентација на хамер, со слики и разни мировни пораки.

22/09/2023
Photos from ООУ „Ванчо Прке“-Делчево's post 07/09/2023

ИНТЕРАКТИВНА ВОННАСТАВНА АКТИВНОСТ „ АФОРИЗМИ - СЛИКИ, ЗБОРОВИ ,ИДЕИ, КРЕАТИВНОСТ
Денес на шестиот час , нашите ученици имаа можност да реализираат активности заедно со роднокрајниот автор на афоризми Миле Ѓорѓиоски , кој преку слики со заеднички поттикнати идеи на учениците , цртаа и пишуваа афоризми за разни поими од секојдневните случувања. Час по македонски јазик и ликовно образование споделено со презентирани изданија на авторот но и на нашата ученичка Софија Арсовска која преку познатата Мак Прогрес ВИНЧИНИ , за кои креативни дела добиле и награди . Ваквиот пример ќе им даде силен поттик на нашите ученици да бидат и тие дел од нови творечки печатени изданија на афиризми од ВИНЧИНИ.
Секако училиштето доби и донација од училишни тетратки и дидактичко тркало со афоризми за учениците од прво до петто одделение . Им се заблагодаруваме и нашата соработка ќе продолжи и во иднина.
- Луѓето кои прават малку бучава се опасни (Јеапан де Ла Фонтен)
- Најсуровите лаги се кажуваат во тишина(Роберт Луис Стивенсон)

Want your school to be the top-listed School/college in Delcevo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

⚘️ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈААТА~ НАША ГОРДОСТ✨️ ~ НАША ВИЗИЈА💥         За нашето училиште како и за учениците од деветто одде...
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА НА ДРЖАВЕН  НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈАНа Државниот натпревар по хемија  кој се одржа на 26.05.2023 година ...
На 20 .05.2023 година (сабота) на Природно математичкиот факултет во Скопје,  се одржа Државен натпревар по Биологија,  ...
Нашите ученици од 2~1(второ)одделение,  денес по празникот ни ја изрецитираа во еден глас песната за 1Мај ~Ден на трудот...
Први април – Денот на шегата      Денес е  ден на шегата, 1 Април на кој  имавме можност,  но и неискажана радост да го ...
Први април – Денот на шегата      Денес е ден на шегата, 1 Април на кој  имавме можност,  но и неискажана радост да го о...

Location

Category

Telephone

Address


Delcevo
2320

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00
Other Delcevo schools & colleges (show all)
PU.Stamer PU.Stamer
S. Stamer
Delcevo, 2320

Podracnoto uciliste vo s.Stamer raboti vo sklop na OOO,,Sv.Kliment Ohridski,, -Delcevo.