ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса

ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса

Comments

ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ”-ОХРИД
РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ ЗОШТО НИЕ СМЕ ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВАС?

• се стекнувате со знаења, способности и вештини преку добро организирана практична обука во кабинетите по практична настава во училиштето, реални училишни компании, на работно место во објектите на нашите социјални партнери-работодавачите,
• кадарот што го произведува нашето училиште е дефицитарен на пазарот на трудот
• меѓународно признаена диплома насекаде во светот,
• да го продолжите Вашето образование на било кој универзитет во нашата земја и насекаде во светот,
• да се вработите веднаш,
• да отворите сопствен бизнис,
• прекрасна местположба, лоцирано е покрај самиот кеј на Охридското езеро,
• ученички дом во кој учениците имаат: бесплатно сместување, три оброци во текот на денот, 24/7 ангажирана воспитувачка служба и чуварска служба.

ВЛОЖЕТЕ ВО СВОЈАТА ИДНИНА!
ДОНЕСЕТЕ РАЗУМНА ОДЛУКА!
ОДБЕРЕТЕ ГО ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ”, ВАШЕТО ИДНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ!
НАПРАВЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР!

Контакт информации:
• Адреса: Кеј Македонија бр. 101 Охрид
• Телефон: 046/264-421, 075/428-542, 075/336-602
• Е-mail адреса: [email protected]
• Веб страна на училиштето: www.vancopitoseski.edu.mk
• Facebook страна на училиштето: ОУТУ"Ванчо Питошески“- Охрид
Почитувани ученици средното училиште Ванчо Питошески од Охрид произведува кадри од угостителско-туристичката струка кои се дефицитарни на пазарот на трудот.
Училиште "Ванчо Питошески"-Охрид е лоцирано покрај самиот кеј на Охридското езеро.

Училиштето во својот состав има и ученички дом во кој учениците имаат:
• бесплатно сместување
• три оброци во текот на денот
• 24/7 ангажирана воспитувачка служба
• 24/7 ангажирана чуварска служба

ВЛОЖЕТЕ ВО СВОЈАТА ИДНИНА!
ДОНЕСЕТЕ РАЗУМНА ОДЛУКА!
ОДБЕРЕТЕ ГО ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ”, ВАШЕТО ИДНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ!
НАПРАВЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР!

Контакт информации:
• Адреса: Кеј Македонија бр. 101 Охрид
• Телефон: 046/264-421, 075/428-542, 075/336-602
• Е-mail адреса: [email protected]
• Веб страна на училиштето: www.vancopitoseski.edu.mk
• Facebook страна на училиштето: ОУТУ"Ванчо Питошески“- Охрид
Почитувани ученици средното училиште Ванчо Питошески од Охрид произведува кадри кои се дефицитарни на пазарот на трудот.
ВЛОЖЕТЕ ВО СВОЈАТА ИДНИНА!
ДОНЕСЕТЕ РАЗУМНА ОДЛУКА!
ОДБЕРЕТЕ ГО ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ”, ВАШЕТО ИДНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ!
НАПРАВЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР!

Основно училиште во Вељуса

Записите од поновата историја на селото зборуваат дека првата организирана настава започнала уште во 1944 година, кога во селото биле назначени и првите народни учители и тоа Чедо Ханџиски, Зора Бержетска и сестрите Донка и Вера Јанакиеви, а бројот на учениците бил точно 200. Покрај редовната настава за деца и младинци, овие учители напоредно воделе и аналфабетски курсеви за описменување на возрас

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 06/10/2023

Ја одбележуваме Светската недела на детето. Вчера во нашето училиште беа реализирани неколку работилници со учениците од II, III, IV и V одд. Работилниците беа реализирани од страна на Софија Крстева, библиотекар, и Марија Пеева, педагог, во соработка со наставниците по одделенска настава: Галинка Ризов, Елисавета Митева, Миле Сапунџиев и Слаѓана Јакимовска.
Работилницата во II одд. со наслов„ Што правиме кога...“ имаше цел ученикот преку прашања и одговори да се запознае со Правата на детето. На крај од работилницата ученикот преку цртеж го даде својот допринос во Светската недела на детето.
Учениците од III одд. ги проширија своите знаења за Правата на детето преку следење презентација и давање објаснувања за поими кои им беа непознати. Учениците исто така имаа и натпревар во брзо читање на Права на детето, најуспешниот ученик доби пофалница.
Учениците од IV одд. преку асоцијации ги откриваа Правата на детето , истите ги запишуваа и изработија хамер со Права на детето.
Учениците од V одд. преку пантомима ги откриваа Правата на детето, истите ги запишуваа и изработија хамер со Права на детето.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 05/10/2023

На ден 02.10.2020 година , нашето училиште се вклучи во одбележувањето на Детската недела.
Во организација на Домот за деца и млади,,Благој Мучето,, - Струмица а во соработка со нашето и со училишта од Струмица и регионот, децата имаа цртање на отворено на тема : ,, За поубав детски свет“. Се црташе во паркот пред Домот на АРМ во група од по три ученици под водство на нивните ментори со сув пастел на хамер. Децата цртаа и се дружеа помеѓу себе.

29/09/2023

🥯🥯Во шеќерот и слатките производи има прости шеќери, додека во производи како компири, тестенини, житарици и ориз има посложени шеќери како скроб.🍩🍩
Присуството на скроб во некоја хранлива намирница може да се докаже со јод, така што врз намирницата ќе капнеме неколку капки јоден раствор. Јодот во присуство на скроб ќе ја промени бојата од портокалова во темно плава.
Со учениците од 7 одд.испитувавме присуство на скроб во хранливи намирници.

29/09/2023

Соработката со сите сегменти од општеството е важна алка за патот кон успехот.
ООУ „ Гоце Делчев “ с. Вељуса, Струмица упатува голема благодарност до фамилија Дончев ( Филев ) за подарениот поликолор.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 09/06/2023

На ден 07.06.2023 беа доделени наградите на литературниот конкурс распишан од Дом за деца и млади "Благој Мучето" на тема ''Пролет, природа убавина".
Нашето училиште се закити со следниве награди:
Втора награда- Ристе Михаилов IV одд., под менторство на Слаѓана Јакимова, наставник по одделенска настава.
Трета награда - Стефан Арламов– VII одд., под менторство на Софија Крстева, библиотекар

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 08/06/2023

Денес во нашето училиште се реализира проектот ,,Меѓуетничка интеграција во образованието“ со ученици од ООУ,, Маршал Тито“ с. Муртино. Учениците од двете училишта засадија дрвја на Споменикот на паднатите борци од Сремскиот фронт и во дворот на училиштето.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 07/06/2023
Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 07/06/2023

Ветено - сторено! Полудневна екскурзија Суви Лаки и Бела вода.
Огромна благодарност до Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица, кој ни овозможи да ја реализираме денешната полудневна екскурзија. Иднината е во добро образование и среќни и задоволни ученици. Благодарност до градоначалникот и за неговото присуство на екскурзијата.
Учениците поминаа прекрасен ден, исполнет со многу дружење, игри и забава.

01/06/2023

Одржани 33 по ред Републички детски ликовни средби ,,Цвеќе -2023" во организација на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица.
Учество зедоа 70 ученици со нивните ментори од основни училишта од Струмица, Босилово, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Берово, Русиново, Кочани , Пехчево и Радовиш.
Учениците распределени цртаа на хамер со сув пастел на тема "Цвеќе".
На средбата нашето училиште го претставуваа: Стефани Енџекова IX одд, Стефан Арламов VII одд. и Мелани Глигорова VII одд, под менторство на Јане Вучков, наставник по ликовно образование.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 19/05/2023

На ден 18.05.2023 год. се одржа Регионален натпревар во уметничко рецитирање во организација на Дом за деца и млади "Благој Мучето". На натпреварот успешно учество имаше Бојан Колески од VI одд. и Стефан Арламов од VII одд. кој освои III награда. Учениците беа под менторство на Гордана Мучева, наставник по македонски јазик.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 09/05/2023

На ден 08.05.2023 год. се реализира проектот ,,Меѓуетничка интеграција“ со ученици од ООУ,, Маршал Тито“ с. Муртино и ООУ,,Гоце Делчев “с. Вељуса со организациска поддршка на Дом за деца и млади „Благој Мучето“- Струмица. Учениците цртаа на тема ,,Пролет“ на хамер со сув пастел во градскиот парк во Струмица.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 05/05/2023

Вчера пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор го обележавме Патрониот празник на нашето училиште.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 03/05/2023

„Шкафче за секое дете “ е пример за успешна соработка помеѓу Општината и училиштата. СОУ „ Никола Карев “ од Струмица со финансиска поддршка од општина Струмица, произведоа и испорачаа шкафчиња во ООУ „ Гоце Делчев “ с. Вељуса, со што секое дете доби шкафче за своите потреби.
Голема благодарност до учениците и вработените во СОУ „ Никола Карев “ Струмица,до градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и Советот на град Струмица.
Се надеваме дека оваа практика ќе продолжи и во иднина, се со цел подобрување на образовниот процес.

28/04/2023
Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 14/04/2023

Трудот и желбата секогаш се претвараат во успешен плод. Вредните раце и креативноста на учениците, наставниците и стручната служба придонесоа и оваа година да се реализира Велигденски хепенинг.
Голема благодарност до сите присутни на хепенингот.Благодарност до Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица, до советниците при Советот на град Струмица, огромна благодарност до родителите на учениците и до сите жители од село Вељуса.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 11/04/2023

Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица со учениците од предметна настава во ООУ „Гоце Делчев“ – Вељуса, одржан час по фолклористика со Иван Котев,роднокраен собирач на народни умотворби. Иван Котев на училишната библиотека подари примерок од неговата најнова книга со народни песни и приказни од неговото родно Робово, “Наведе' се с’нце да зајде”.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 03/04/2023

Учениците од I до V одд. во улога на нивните омилени ликови заедно со нивните одделенски раководители го одбележаа Денот на шегата.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 21/03/2023

Цвет по цвет - градина
Пролетно уредување во нашето училиште

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 07/03/2023

Денес во Дом за деца и млади „ Благој Мучето “ Струмица беа доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс „ Жената видена низ детските очи“.
На литературниот конкурсот Христијан Ристоманов, ученик во II одд., под менторство на Елисавета Митева, наставник по одделенска настава, доби II место .
На ликовниот конкурс Стефан Арламов, ученик во VII одд., под менторство на Јане Вучков, наставник по ликовно образование, доби II место.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 31/12/2022

Раце полни подароци од срца исполнети со добрина и љубов за децата.Вчера во училишниот двор на нашите ученици им беа поделени подароци и новогодишни пакетчиња.
Голема благодарност до Маре и Коле Соколови од с.Вељуса, и до Васе Ризов од с. Градашорци, претставник на христијанско баптистичката црква „ Радосна Вест“.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 29/12/2022

Денес во просториите на Општинската установа, Дом за деца и млади „ Благој Мучето“ Струмица , беа доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс „ Зимска фантазија“.
На конкурсот Душица Павлова, ученичка од II одд., под менторство на Елисавета Митева, наставник по одделенска настава, I место на ликовниот конкурс.
Славица Пепиќ, ученичка од V одд., под менторство на Златка Апостолова, наставник по одделенска настава, II место на ликовниот конкурс.
Христијан Ристоманов, ученик од II одд., под менторство на Елисавета Митева, наставник по одделенска настава, III место на литературниот конкурс.

01/11/2022

На ликовниот конкурс "Другаруваме, учиме и играме", распишан од Дом за деца и млади „ Благој Мучето“,по повод Детската недела, Стефани Енџекова, ученичка од IX одд. доби трета награда.На конкурсот ученичката учествуваше под менторство на Јане Вучков, наставник по ликовно образование.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 17/10/2022

На ден 17. 10. 2022год. Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, по повод празникот “11-ти Октомври“, ги одржи традиционалните НОЌНИ КРОС ТРКИ низ улиците на Струмица за учениците од основните и средни училишта во Струмичкиот регион, кои се организираат под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица .
Нашето училиште на трките зеде учество со неколку ученици под менторство на Александар Милушев, наставник по физичко и здравствено воспитување.Наградени се следните ученици:
1.Зулијана Михаилова, ученичка од VI одд. го освои второто место. 2.Фросина Ефтимова, ученичка од VII одд. го освои третото место.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 06/10/2022

На ден 04. 10. 2022 год. започна одбележувањето на Детската недела со Цртање на хамер со сув пастел во организација на Домот за деца и млади,, Благој Мучето '' - Струмица во градскиот парк пред Дом на АРМ. Учениците учесници цртаа на тема,, Другаруваме, играме и учиме ''.
Нашето училиште зеде учество со учениците Јована Топалова од VI одд и Стефан Арламов од VII одд., под менторство на наставник Јане Вучков.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 21/09/2022

По повод 21 септември,меѓународниот Ден на мирот, општинската организација Дом за деца и млади „ Благој Мучето “ од Струмица, организираше Ликовен хепенинг на тема „ Мир “. На хепенингот нашето училиште учествуваше со ученичките Стефани Енџекова од деветто одд. и Стефани Топалова од седмо одд., под менторство на наставник Јане Вучков.

14/06/2022

Соработката на училиштето со зедницата е од големо значење за развојот на училиштето и напредокот на учениците.
ООУ,,Гоце Делчев''с.Вељуса, упатува голема благодарност до господинот Џоко Гркљанов за донираните дресови.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 12/06/2022

На ден 09. 06. 2022 год. беа доделени награди по распишан Литературен конкурс од Дом за деца и млади „ Благој Мучето“ Струмица ,на тема,, Велосипед - цел еден свет " во склоп на проектот на општина Струмица,, Вело Струмица“.
Нашите ученици Стефани Енџекова VIII одд. и Стефан Арламов VI одд.,под менторство на Софија Крстева, библиотекар, добија III награда.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 12/06/2022

На ден 07.06.2022 година во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието,нашето училиште реализираше уште една заедничка активност со партнер училиштето ООУ „ Маршал Тито “с. Муртино.Учениците од двете партнер училишта заедно со одговорните наставници ја посетија џамијата во с. Банско,а потоа следеше дружење во просториите на ПУ с.Банско. Целта на активноста беше учениците да се запознаат со верските објекти и верските култури, да се избегнат бариерите меѓу учениците како и поттикнување на другарството без разлика на етничката припадност.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 06/06/2022

На ден 04. 06. 2022 год. се одржа Вело натпревар, како дел од Фестивалот „ Вело Струмица “, организиран од Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, и Советот на општина Струмица.
На натпреварот нашето училиште зеде учество со учениците Никола Михаилов, Васко Гркљанов, Филип Грендов, Стефан Манчевски и Атанас Божинов, под менторство на Александар Милушев, наставник по физичко и здравстено образование.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 06/06/2022

На ден 03. 06. 2022 год. Дом за деца и млади „ Благој Мучето “ Струмица, во соработка со општина Струмица, организираше цртање на отворено, на тема „ Велосипед - цел еден свет“.
Нашето училиште зеде учество со учениците Стефани Топалова, Стефан Арламов и Фросина Ефтимова, под менторство на Виолета Каракашева, наставник по ликовно образование.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 31/05/2022

Успешно завршена ликовна активност на ученици од македонската и турската заедница во склоп на ,,Денот на Меѓуетничка интеграција на младите во образованието на манастирот Пресвета Богородица Елеуса. Aктивност помеѓу ООУ Маршал Тито с.Муртино и Гоце Делчев с. Вељуса под мотото,,Уметноста е нашиот заеднички јазик’’. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитување на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови и комуникациски способности и вештини.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 31/05/2022

На 27. 05. 2022 год. се одржаа Републички детски ликовни средби „ Цвеќе 2022“ во организација на Дом за деца и млади „ Благој Мучето“ Струмица. На средбата зедоа учество ученичките Стефани Топалова и Мелани Глигорова од VI одд., под менторство на Виолета Каракашева, наставник по лiковно образование.
Истиот ден беа доделени и награди за Ликовни творби по распишан конкурс. Стефани Топалова VI одд. доби II награда.

Photos from ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса's post 31/05/2022

На ден 16. 05. 2022 год. се одржа Отворен ден по Граѓанско образование, на тема „ Екологија“. Настанот се реализираше со учениците од VI до IX одд., преку драматизација на еко драма, читање еко песни, пишување еко пораки и садење цвеќе. Отворениот ден се реализираше под менторство на Александар Костадинов, наставник по граѓанско образование, Гордана Мучева, наставник по македонски јазик и стручната служба во училиштето.

Want your school to be the top-listed School/college in Струмица?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

,,БИБИ БОБИ И ВЕЉУШКИТЕ ЦРЕШКИ''УЧЕСТВО НА ДЕТСКИОТ КАРНЕВАЛ ВО СТРУМИЦА
Патронен празник
Колешински водопади

Location

Telephone

Website

Address

Вељуса бр. 208
Струмица
Other Струмица schools & colleges (show all)
Центар за странски јазици Highland EDU Центар за странски јазици Highland EDU
бУлица Гоце Делчев бр. 65
Струмица, 2400

Јазични курсеви за деца и возрасни. Судски преводи и по