СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје

СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје

Comments

📌Поддржано од Делегација на Европска Унија, Europe House и Гимназија Алгоритам за првпат организираат креативен конкурс за сите ученици од основните и средните училишта.
✔️Учестувај во трите области: литература, филм или дигитална илустрација и освоj лаптоп.
👉https://algoritam.mk/kreativen-konkurs/
📞 Телефон за контакт: 075/330-531
📣 Слушни го Мики! Тој има нешто да ти раскаже.

🚫 Стоп за меѓуврсничкото насилство❗️

✅Учествувај и направи добро дело за твојата иднина и иднината на следните генерации❗️

🎭 „Децата од првата клупа“.

ℹ️ За повеќе информации и можност за апликација прочитајте на следниот линк
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSct43eDetzhf6Ay2_SbLTnWxjM0gYSNouj0r5BxETyDpvdt1g/viewform

Град Скопје
DramArt
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје
СУГС "Кочо Рацин"
СУГС "Георги Димитров"
СУГС „Никола Карев“-Скопје
СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје
ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje
Marija Trajan
Vineta Damceska
Emra Kurtishova
Aleksandra Nikiforovski
Мики Анчевски
Lazarov
Mimi Panovska
Suzana Avramovska
Jovana Avramovska
Misho Savikjevikj
Драги средношколци :) Започнаа уписите за нови актери во Драмското Студио СЦЕНА. Повелете да учиме и создаваме заедно.
Повелете драги средношколци! :) Вршиме уписи во нашето Драмско Студио СЦЕНА за актерска игра :)
ДАЛИ САКАТЕ ДА СТУДИРАТЕ ВО СТРАНСТВО?
ВО КОЈА ЗЕМЈА САКАТЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ, ДИПЛОМИРАТЕ ИЛИ МАГИСТРИРАТЕ?

ПОБРЗАЈТЕ, НИЕ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА ГО ОСТВАРИТЕ ВАШИОТ СОН!
IVY LEAGUE MK (078 332 728; e-mail: [email protected])

Официјална Facebook страна на гимназијата „Јосип Броз Тит

СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, општина Центар, Република Македонија, основано како Прва скопска гимназија, со решение од 1 декември 1944 год.

Училиштето (Гимназијата) е средно училиште од посебен општествен интерес. Сместена е во релативно нова наменски изградена зграда во строгиот центар на градот Скопје, ул. “Димитрија Чуповски”, б.б. Нејзина основна дејност е организирање на восп

23/06/2016

Josip Broz Tito

Почитувани,

на 28.06 (вторник) и 29.06. (среда) 2016 година ќе се реализира уписот за прва година во СУГС Гимназија "Јосип Броз Тито".

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето на денот на уписот);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Резултатите од запишувањето ќе се објават на 30.06.2016 година.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната страна на училиштето: http://josipbroztito.edu.mk/

josipbroztito.edu.mk Uncategorized May 12, 2016 ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици од трета година во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз- Тито“- Скопје. 1.БРОЈ НА У...

11/05/2016

ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици од трета година во паралелка со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз- Тито“- Скопје.

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА
Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во учебната 2016/2017 година во Гимназија „Јосип Броз- Тито“ во Скопје ќе се запишат 20 ученика во трета година во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme), во која наставата ќе се изведува на англиски и македонски јазик.

Програмата за МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (IB Diploma programme) е акредитирана од Организацијата на Меѓународна Матура од Женева и од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Трошоците за испитни такси за учениците во оваа програма ги покрива Министерството за образование и наука.

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците треба да ги исполнуваат следниве услови:
-да имаат завршено прва и втора година гимназиско образование
-да го владеат англискиот јазик
-да ги исполнуваат барањата утврдени со условите за прием во паралелката со МЕЃУНАРОДНА МАТУРА
а) да изработат писмен состав на англиски јазик
б) да изработат кус состав на македонски јазик
в) да изработат општ тест на знаење од природната група предмети (математика, хемија) на македонски јазик
г) интервју на македонски и англиски јазик

3. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ
Се запишуваат првите 20 кандидати на ранг листа на кандидати кои конкурирале.
Минимум поени за прием во програмата се 75 поени од можни 100.
Успех од сведителства од прва и втора година гиманзиско образование = 50 поени
Резултати од приемен испит (писмен состав на англиски јазик= 10 поени, писмен состав на македонски јазик= 10 поени, тест по математика= 10 поени, тест по хемија= 10 поени, интервју на македонски јазик= 5 поени, интервју на англиски јазик= 5 поени) = 50 поени.
Доколку кандидатот приложи диплома од освоени награди на државен или меѓународен натпревар по предметите кои се застапени во програмата на МЕЃУНАРОДНА МАТУРА тие ќе се бодираат дополнително со 2,5 поени по диплома.

4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
-Пријава за запишување во трета година
-Сведителство за завршена прва година гимназија и потврда дека ученикот е редовен ученик во втора година гимназија (сведителството за завршена втора година ќе се достави дополнително)
-Извод од матична книга на родени со матичен број, без разлика на датумот на издавањето
-Диплома за освоени награди на државни и меѓународни натпревари по предметите застапени во МЕЃУНАРОДНА МАТУРА (доколку ги има)

5. КОНКУРСНИ РОКОВИ
- Пријавувањето на кандидатите е од 9-18 мај 2016 од 8-14 часот
-Приемни испити се изведуваат на 16 и 17 јуни 2016 од 8 часот во гимназијата.
-Изработка на писмен состав на англиски јазик и кус писмен состав на македонски јазик на 16 јубни 2016 во 9 часот.
-Изработка на тест знаење по математика и хемија на 17 јуни 2016 од 9 часот
-Интервју на македонски и англиски јазик на 17 јуни 2016 во 11 часот
-Дополнително поднесување на сведителства за завршена втора година од 27-28 јуни 2016 од 9-12 часот
-Објавување на листата на примени кандидати е на 30 јунуи 2016

11/05/2016

ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување на ученици во ГЕРМАНСКА ПАРАЛЕЛКА со изучување на германски јазик со 6 часа неделен фонд во учебната 2016/2017 година во СУГС Гимназија “Јосип Броз – Тито“- Скопје

1.БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА
Во согласност со Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во прва година во учебната 2016/2017 год. во гимназија “Јосип Броз – Тито“ – Скопје, ке се запишат 34 ученика во прва год. во една ГЕРМАНСКА ПАРАЛЕЛКА со 6 часа неделен фонд по Германски јазик, сите останати предмети се следат на македонски наставен јазик со ист неделен фонд како и сите останати паралелки во гимназијата.

2.УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците треба да ги исполнат следните услови:
- Да имаат минимум 60 поени од средниот успех за запишување во гимназијата
- Да се запишат т.е. рангираат на листата на примени ученици во гимназијата
- Да има изучувано Германски јазик во своето ОУ
- Да го положат квалификационото тестирање ( приемниот испит)
Услов за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА е успехот и успешно положениот квалификационен тест по германски јазик. Доколку последните два ученика имаат ист број на поени ке одлучува средниот успех од основното образование.
Минимум поени за прием во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА се освоени 25 поени од вкупно можни 50 поени ( или 50% од вкупниот број на поени) од квалификационото тестирање.

3. ПОЕНИ ОД КВАЛИФИКАЦИОНОТО ТЕСТИРАЊЕ
Првите три ( 3) дела читање во разбирање ( Leseverstehen) = 40 поени
Последниот дел пишување ( Schreiben ) = 10 поени
Вкупно = 50 поени

Целиот квалификационен тест ке биде на А2 ниво според европската диференцијална јазична рамка.
Објавената ранг листа на примени ученици во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА ке биде објавена со поени од средниот успех од основното образование и освоените поени од квалификационото тестирање.

НАПОМЕНА: Секој ученик кој што конкурирал за запишување во ГЕРМАНСКАТА ПАРАЛЕЛКА мора да го полага квалификациониот тест, без разлика на тоа дали ученикот има претходно диплома со положено А2, Б1 ниво.Секој ученикот мора да го полага квалификациониот тест во гимназијата, за да биде запишан во германската паралелка.

4. КОНКУРСНИ РОКОВИ
- Поднесување документи на 28 и 29 јуни 2016 год. од 8.00 до 15.00 часот.
- Квалификаионото тестирање ке се одржи на 01.07.2016 во просториите на гимназијата.
- Објавување на резултатите (конечна ранг листа) за примените ученици во Германската паралека ке биде објавена на 02.07.2016 год.

10/05/2016

Театарска претстава „Тетовирани (високо вредни) души“

На 07.05.2016 во театар Комедија учениците од нашата гимназија и оваа учебна година ја завршија со театарската претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ за хумани цели во менторство и режија на проф. Емилија Величкова. Собраните средства ќе бидат донирани во О.У. „Златан Сремац“, училиште за деца со посебни потреби.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=615

josipbroztito.edu.mk На 07.05.2016 во театар Комедија учениците од нашата гимназија и оваа учебна година ја завршија со театарската претстава „Тетовирани (високо вредни) души“ за хумани цели во менторство и режија на п...

10/05/2016

Прво место на државен натпревар за вокален интерпретатор

На 08.05.2016 година во Кавадарци се одржа државниот натпревар на кој прво место за вокален интерпретатор го доби Антонија Гиговска ученик во прва година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Снежана Џајковска.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=610

josipbroztito.edu.mk На 08.05.2016 година во Кавадарци се одржа државниот натпревар на кој прво место за вокален интерпретатор го доби Антонија Гиговска ученик во прва година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под мен...

10/05/2016

Гиманзија „Јосип Броз Тито“- државни прваци во кошарка

На 07.05 во Куманово се одржа Гиманзијада 2016 на која кошаркарската екипа од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Владо Поповски се стекнаа со златен медал и станаа државни прваци. http://josipbroztito.edu.mk/?p=599

josipbroztito.edu.mk На 07.05 во Куманово се одржа Гиманзијада 2016 на која кошаркарската екипа од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Владо Поповски се стекнаа со златен медал и станаа државни прв...

02/05/2016

52-ри Државен натпревар на младите истражувачи

На ден 23.04. во просториите на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ се одржa 52-ри Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија, каде Марко Стојковски- ученик од трета година го доби највисокото принание, златен медал и освоено прво место за лед диодите од кои е изработена секоја буква од светлечкиот натпис на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=593

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.950306211752567.1073741845.166337690149427&type=3

josipbroztito.edu.mk На ден 23.04. во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито се одржa 52-ри Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија. На натпреварот Марко Стојковски - ученик во трета год...

02/05/2016

Општински и регионален натпревар по англиски јазик

На 16.04.2016 г. во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар по англиски јазик за средни училишта за Скопје во организација на ЕЛТАМ – асоцијација на наставници по англиски јазик на Р. Македонија.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=587

josipbroztito.edu.mk На 16.04.2016 г. во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар по англиски јазик за средни училишта за Скопје во организација на ЕЛТАМ - асоцијација на ...

02/05/2016

Презентирани условите за студирање на престижниот универзитет во Абу Даби

На 13.04.2016 претставник на престижниот универзитет на Њу Јорк од Абу Даби во ОАЕ во соработка со програмата на Меѓународна матура (IB Diploma Programme) го посети училиштето и одржа презентација за условите за студирање и стекнување на стипендија.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=582

josipbroztito.edu.mk На 13.04.2016 претставник на престижниот универзитет на Њу Јорк од Абу Даби во ОАЕ во соработка со програмата на Меѓународна матура (IB Diploma Programme) го посети училиштето и одржа презентација ...

02/05/2016

Посета на EDUSAFair16

На 13 април 2016 во организација на Education USA Macedonia се одржа EDUSAFair16, на којшто присуствуваа и ученици од нашето училиште.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=578

josipbroztito.edu.mk На 13 април 2016 во организација на Education USA Macedonia се одржа EDUSAFair16, на којшто присуствуваа и ученици од нашето училиште....

21/04/2016

Соопштение: Презентација на програмата за Меѓународна матура

На ден 26.04 во 17:30 во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито ќе се одржи презентација на програмата за Меѓународна матура (iB).
http://josipbroztito.edu.mk/?p=572

josipbroztito.edu.mk На ден 26.04 во 17:30 во просториите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито ќе се одржи презентација на програмата за Меѓународна матура (iB)....

20/04/2016

Учество на пролетен фестивал во II Гимназија Словенија

Во период од 13-17 април 2016 година во II Гимназија во Марибор, Словенија учествуваа 70 ученици од 10 европски земији, меѓу кои и ученици од Меѓународна Матура.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=543

josipbroztito.edu.mk Во период од 13-17 април 2016 година во II Гимназија во Марибор, Словенија учествуваа 70 ученици од 10 европски земији, меѓу кои и ученици од Меѓународна Матура: Иван Митревски, Марко Стојановиќ, С...

20/04/2016

Посета на Јавното Обвинителство на Република Македонија

На ден 12.04. учениците од трета година заедно со професорката по вовед во право Сузана Андреска беа во посета на Јавното Обвинителство.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=566

josipbroztito.edu.mk На ден 12.04. учениците од трета година заедно со професорката по вовед во право Сузана Андреска беа во посета на Јавното Обвинителство каде што се запознаа со улогата на јавните обвинители во крив...

20/04/2016

Проект „Вешти и компетентни“

На ден 19.04. во нашата Гимназија, едукативниот центар „Да научиме“ огранизираше проект учениците од четврта година на тема „Вешти и компетентни“.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=560

josipbroztito.edu.mk На ден 19.04. во нашата Гимназија, едукативниот центар „Да научиме“ огранизираше проект учениците од четврта година на тема „Вешти и компетентни“....

20/04/2016

IV конференција БАЛМУН

Од 14 до 17 април 2016 г. во Бања Лука се одржа IV конференција БАЛМУН (Модел на Обединети Нации) – базирана на симулација на работата на ОН. По тој повод во Бања Лука учествуваа ученици од Меѓународна матура.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=528

josipbroztito.edu.mk Од 14 до 17 април 2016 г. во Бања Лука се одржа IV конференција БАЛМУН (Модел на Обединети Нации) – базирана на симулација на работата на ОН. По тој повод во Бања Лука учествуваа ученици од целиот ...

29/03/2016

Балкански поетски Вавилон

На ден 24.03.2016, Клуб на читатели со проф. Јулија Ликоска-Угриноска, Јасминка Видевска и Душанка Ристова, учествуваа на Првото издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“. http://josipbroztito.edu.mk/?p=484

josipbroztito.edu.mk На ден 24.03.2016, Клуб на читатели со проф. Јулија Ликоска-Угриноска, Јасминка Видевска и Душанка Ристова, учествуваа на Првото издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ во просториит...

29/03/2016

Посета на НУБ Св.Климент Охридски

Kлуб на читатели при СУГС Јосип Броз Тито гостуваше на поетско пладне по повод Светскиот ден на поезијата во НУБ Св.Климент Охридски. http://josipbroztito.edu.mk/?p=481

josipbroztito.edu.mk Kлуб на читатели при СУГС Јосип Броз Тито гостуваше на поетско пладне по повод Светскиот ден на поезијата во . Во друштво на еминентни поети В.Урошевиќ, К.Ќулавкова, Д.Башевски, Е.Клетников, В.Ацев...

22/03/2016

Изложба на учениците од Меѓународна Матура

На 18.03 2016 г., во просториите на Националната Галерија на Македонија (објект „Мала Станица“) беше отворена 19та изложба на учениците од Меѓународна Матура, која е дел од нивниот испит по визуелни уметности. Изложбата ќе биде отворена до 23.03.2016 година.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=464

josipbroztito.edu.mk На 18.03 2016 г., во просториите на Националната Галерија на Македонија (објект „Мала Станица“) беше отворена 19та изложба на учениците од Меѓународна Матура, која е дел од нивниот испит по визуелн...

18/03/2016

Панел дискусија: Сличноста меѓу македонските и турските поговорки и идиоми

На ден 17.03.2016, во прекрасниот амбиент на Порта Македонија, ученици од III-6 и III-11, со професорките Јулија Л. Угриноска и Селда Идриз беа дел од Панел дискусијата на тема: „Сличноста меѓу македонските и турските поговорки и идиоми“.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=457

josipbroztito.edu.mk На ден 17.03.2016, во прекрасниот амбиент на Порта Македонија, ученици од III-6 и III-11, со професорките Јулија Л. Угриноска и Селда Идриз беа дел од Панел дискусијата на тема: „Сличноста меѓу мак...

10/03/2016

Литературно читање по повод 8-ми март

Учениците од прва и втора година коишто се членови на Клубот на читатели и професорката Јулија Ликоска-Угриновска по повод 8-ми Март организираа литературно читање на личните и поетски творби на учениците.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=415

josipbroztito.edu.mk Учениците од прва и втора година коишто се членови на Клубот на читатели и професорката Јулија Ликоска-Угриновска по повод 8-ми Март организираа литературно читање на личните и поетски творби на уч...

10/03/2016

Делата на Шекспир во образованието

Во организација на Британскиот совет во Македонија, во соработка со британската амбасада во Скопје на ден 20.02.2016 беше организиран еднодневен семинар за користење на делата на Шекспир во образовните цели. http://josipbroztito.edu.mk/?p=410

josipbroztito.edu.mk Во организација на Британскиот совет во Македонија, во соработка со британската амбасада во Скопје на ден 20.02.2016 беше организиран еднодневен семинар за користење на делата на Шекспир во образов...

25/02/2016

Работилница за родова еднаквост

Учениците од IV-9, заедно со професорката Тања Стојковска присуствуваа на работилница за родова еднаквост. http://josipbroztito.edu.mk/?p=370

josipbroztito.edu.mk Учениците од IV-9, заедно со професорката Тања Стојковска присуствуваа на работилница за родова еднаквост, којашто беше организирана и координирана од страна на Центарот за истражување и креирање п...

25/02/2016

Клубот на читатели - Ширење љубов преку пишуваниот збор...

„Клубот на читатели“ на ден 12.02.2016 год. „ширеше“ љубов преку пишуваниот збор. http://josipbroztito.edu.mk/?p=360

josipbroztito.edu.mk „Клубот на читатели“ на ден 12.02.2016 год. „ширеше“ љубов преку пишуваниот збор. Ученици од сите годишта со свои лични поетски и прозни творби, како и творби на англиски, француски, германски, ита...

07/02/2016

Филмска вечер во нашата гимназија

На 03.02.2016 година учениците од Меѓународна матура под менторство на КАС координаторот професорката Кристина Павловска, организираа Филмска вечер, чија цел беше подигнување на свеста за заштита на средината.
http://josipbroztito.edu.mk/?p=352

josipbroztito.edu.mk На 03.02.2016 година учениците од Меѓународна матура под менторство на КАС координаторот професорката Кристина Павловска, организираа Филмска вечер во текот на која гледаа филм. Активноста имаше за...

13/12/2015

Едукативен семинар "Демократијата и Собранието"

Ученици од четврта година заедно со професорката Кристина Павловска присуствуваа на едукативен семинар со наслов:"Демократијата и Собранието" во Центарот за едукација на Парламентарниот Институт во Собранието на Република Македонија. http://josipbroztito.edu.mk/?p=327

josipbroztito.edu.mk Ученици од четврта година заедно со професорката Кристина Павловска присуствуваа на едукативен семинар со наслов:"Демократијата и Собранието" во Центарот за едукација на Парламентарниот Институт во...

13/12/2015

Симулација на тема “Strategies for Prevention Drug Abuse”

Во текот на овој месец се реализира и 16-та симулација на Конференција на Обединети Нации на тема “Strategies for Prevention Drug Abuse”http://josipbroztito.edu.mk/?p=322

josipbroztito.edu.mk Во текот на декември 2015 во рамките на наставата по англиски јазик во програмата за Меѓународна матура со професорката Гордиана Ѓоргова, се реализира 16-та симулација на Конференција на Обединети ...

13/12/2015

Панел дискусија: ТОК & јазик и комуникација

На 03.11.2015 г. под менторство на д-р Гордиана Ѓоргова, професор по англиски јазик, беше одржан отворен час за активот по странски јазици - Панел дискусија: ТОК & јазик и комуникација. http://josipbroztito.edu.mk/?p=317

josipbroztito.edu.mk На 03.11.2015 г. под менторство на д-р Гордиана Ѓоргова, професор по англиски јазик, беше одржан отворен час за активот по странски јазици - Панел дискусија: ТОК & јазик и комуникација. Организ...

11/12/2015

Нашите ученици беа во посета на Меморијалниот центар на холокаустот на изложба на фотографии од Нирнбершкиот процес со професорката Даниела Арсова.

11/12/2015

Посета на ГБ „Браќа Миладиновци“

На 09.12.2015 година, учениците од III година, заедно со професорките Јулија Ликоска – Угриноска, Вера Бојкикева и Емилија Величкова ја посетија ГБ „Браќа Миладиновци“. http://josipbroztito.edu.mk/?p=306

josipbroztito.edu.mk На 09.12.2015 година, учениците од III година, заедно со професорките Јулија Ликоска - Угриноска, Вера Бојкикева и Емилија Величкова ја посетија ГБ „Браќа Миладиновци“. Во адаптираната спомен-соба ...

10/12/2015

Посета на Институтот за национална историја

Учениците од втора година од нашата гимназија и професорката по историја Даниела Арсова беа во посета на научна трибина по повод „Илјада години од смртта – убиството на царот Гаврило Радомир„ во Институтот за национална историја. http://josipbroztito.edu.mk/?p=299

josipbroztito.edu.mk

10/12/2015

Соработка со ОУ Вера Јоциќ, општина Гази баба

На ден 02.12.2015 нашата гимназија оствари соработка со ОУ Вера Јоциќ преку меморандум. http://josipbroztito.edu.mk/?p=292

josipbroztito.edu.mk

10/12/2015

XL Школа "Млади физичари"

На 27 и 28 ноември 2015 година во просториите на Природно-математички факултет во Скопје се одржа XL Школа “Млади физичари”, каде што учествуваа нашите ученици од I, II и III година. http://josipbroztito.edu.mk/?p=281

josipbroztito.edu.mk

01/12/2015

Меѓународниот фестивал за филмови со награда за учениците од нашето училиште

На финалната вечер на шестото издание на Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ , која се одржа во четврток во киното “Фросина” во МКЦ, беа прогласени најдобрите филмови за 2015 година
http://josipbroztito.edu.mk/?p=273

josipbroztito.edu.mk

01/12/2015

Хуманитарна акција за децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение

Во текот на месец октомври оваа година, Здружението на Социјални работници на град Скопје, поддржано од Град Скопје, во соработка со нашата Гимназија реализираше проект: Младински волонтеризам и здрави животни навики. http://josipbroztito.edu.mk/?p=260

josipbroztito.edu.mk

Want your school to be the top-listed School/college in Македонија?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address

Димитрие Чуповски, Скопје
Македонија
1000
Other Education in Македонија (show all)
Евро-Балкан Последипломски Студии - Откриј Евро-Балкан Последипломски Студии - Откриј
БУлица „Партизански одреди“ бр. 63 1000 Скопј
Македонија

Последипломски студии - практична работа на проекти, учества на летни школи, научни конференции, семинари.