Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола

Официјална Facebook страница на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2014 година, со Закон за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии ќе врши високообразовна дејност како додипломски, пос

Operating as usual

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 04/06/2024

🎓💻📲 Направете вистински избор, инвестирајте во Вашата иднина! Студирајте на ФИКТ во академската 2024/2025 година на студиските програми на прв циклус академски студии:
✅ Информатички науки и комуникациско инженерство (4 годишни студии)
✅ Информатика и компјутерска техника (3 годишни студии)
✅ Повеќе информации за уписите на:
📩 [email protected]
📩 [email protected]
📍 ул. Партизанска бб (комплекс касарни), 7000 Битола.
🌐 https://fikt.uklo.edu.mk/
🌐 https://uklo.edu.mk/

04/06/2024

Netcetera’s 2024 Summer Internship Program is now open - build your skillset, boost your knowledge, and expand your horizons during your Summer Internship at Netcetera! 🌞
Gain hands-on experience working on real projects using the latest technologies under the guidance of а dedicated mentor and the support of expert colleagues.
Take the initiative - apply and spend your Summer with Netcetera!
🔵 Software Engineering Internship: https://bit.ly/2024-swe-internship
🔵 Machine Learning Internship: https://bit.ly/2024-ml-internship
🔵 UI Development Internship: https://bit.ly/2024-UI-dev-internship

03/06/2024

Младински културен центар – Битола објави отворен повик за технички илустрации кој се фокусира на различните аспекти на производството, дистрибуцијата, складирањето и искористувањето на енергијата насловен како „Нова енергетска визија за Битола“. Повикот ја слави врската помеѓу уметноста и науката со прикажување на технички илустрации кои фрлаат светло на фасцинантниот свет на енергијата. Од обновливи извори до врвни технологии за складирање, овој повик има за цел да инспирира креативност и да промовира свест за практиките за одржлива енергија.

Кој може да се пријави?

Ги покануваме учениците, студентите и сите млади на возраст од 15 до 35 години да учествуваат во оваа возбудлива можност. Создадете визуелни претстави кои ја доловуваат суштината на енергијата ‒ од нејзиното создавање до нејзиното влијание врз нашиот секојдневен живот. Без разлика дали сте млад и надежен уметник, научен и технички ентузијаст или и двете, ова е вашата шанса да придонесете за значаен дијалог во пошироката заедница.

Награди

Најдобрите записи ќе бидат прикажани на изложбата „Нова енергетска визија“ на 10.6.2024 во Europe House Bitola.
Прва награда на конкурсот во износ од 6000 денари.
Сертификати за учество за сите избрани уметници.
На изложбата ќе бидат претставени 20 избрани илустрации.
За наградите ќе одлучува жири комисија.



Крајниот рок за поднесување е 06.06.2024 година (четврток) до 15 часот.

Во свет кој сè повеќе се потпира на одржливи енергетски решенија, визуелното претставување на техничките концепти игра клучна улога во подобрувањето на разбирањето и вклучувањето на јавноста. Овој повик има за цел да ја искористи креативноста и талентот на учениците и младите луѓе за да ги илустрира клучните аспекти на енергетските технологии, системи и нивните влијанија.

Придружете се на енергетската револуција!

Повеќе информации имате во јавниот повик во прилог.

За прашања и пријави, ве молиме контактирајте нè на [email protected]

Zen 2.0 Karavan 15/05/2024

Отворен повик за учество на млади (16-24г.) во рамки на проектот ,,Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ.

Проектот претставува иницјатива за проактивно општествено учество на младите во постигнување позитивни промени на општествено релевантни предизвици.

Главната цел на проектот вклучува менторство на 25 млади лица, кои низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата (Скопје, Гостивар, Битола, Струмица и Куманово), ќе добијат шанса да ги унапредат своите лични и професионални вештини, ќе проследат обуки за психо-физичко здравје, застапување и јавно презентирање.

Финалната задача по форумот ќе им овозможи на тимот на млади да идентификуваат конкретен предизвик кој за нив најзначаен и да работа во насока на покренување на промена на истиот, со наша целосна поддршка.

Повикот за Третиот Форум за менторство на подрачјето на Општина Битола е веќе отворен, заклучно со 21 мај 2024 год. до 23:59 часот, а на следните линкови може да пристапите до повикот за повеќе детали како и до официјалната веб-страна на проектот за повеќе информации:

• Повик за учество: https://karavan.equality.agency/povik-za-ucestvo-vo-3-forum-za-mentorstvo-bitola/
• Проект ,,Зен 2.0 Караванˮ : https://karavan.equality.agency/

Zen 2.0 Karavan

14/05/2024

✅ Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола учествуваше на третиот ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО кој се одржа на 10.05.2024 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Матурантите од средните училишта во Охрид се запознаа со студиските програми на прв циклус (додипломски) студии на ФИКТ.

Стипендии за втор и трет циклус студии 13/05/2024

Стипендии за втор и трет циклус студии

Амбасадата на Романија објави повик за доделување стипендии за академската 2024/2025

Стипендии за втор и трет циклус студии Амбасадата на Романија објави повик за доделување стипендии за академската 2024/2025 Letter scholarships RO Bitola Information scholarship grants_EN Application Form 2024-2025

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 11/05/2024

"Интеграциски ETL процеси при дистрибуција на податоци"

Во рамки на серијата работилници ДОЈДИ И НАУЧИ, на 9 мај 2024 год. м-р Анета Трајковска, вработена во IW Connect и студент на трет циклус студии на ФИКТ ги презентираше можностите за автоматизација и мониторинг на интеграциски ETL процеси во процесот на дистрибуција на податоци. Практичната реализација на ETL процесите за подготовка, анализа и извлекување на знаење од податоци беше презентирана пред студентите.

07/05/2024

Работилница ДОЈДИ И НАУЧИ "Интеграциски ETL процеси при дистрибуција на податоци"

За темата ќе зборува м-р Анета Трајковска, вработена во IW Connect и студент на трет циклус студии на ФИКТ.
Ве покануваме на 9 мај 2024 год. (четврток) со почеток од 12:30 часот во Свечена сала на ФИКТ!

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 01/05/2024

🗓️ Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола, на 25.04.2024 година пред матурантите во СОУ Гимназија „Јосип Броз - Тито“ во Битола
✅ Деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски и продеканот за финансии проф. д-р Божидар Миленковски ги презентираа новите содржини во академските студиски програми на ФИКТ:
🎓 Информатички науки и комуникациско инженерство (четиригодишни студии) и
🎓Информатика и компјутерска техника (тригодишни студии)
✅ Матурантите од Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ - Битола се интересираа за компетенциите со кои се стекнуваат дипломираните студенти, за осовремените наставни содржини и постоечките лаборатории во ФИКТ.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 01/05/2024

✅ Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола на Саемот за образование и кариера во Охрид
🗓️ На 25.04.2024 година, студентите од ФИКТ Илчо Јанкулоски, Андреа Павлеска и Кирил Секуловски ги презентираа студиските програми на Саемот за образование и кариера организиран од Младинскиот Центар - Охрид.
✅ Академските студиските програми на ФИКТ:
🎓 Информатички науки и комуникациско инженерство (четиригодишни студии) и
🎓Информатика и компјутерска техника (тригодишни студии)
побудија голем интерес кај учениците од средните училишта во Охрид кои имаа можност од студентите на ФИКТ да се информираат за условите за студирање на ФИКТ.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 26/04/2024
Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 26/04/2024

✅ На Факултетот за информатички и комуникациски технологии -Битола одбележан 26-ти април - светскиот ден на интелектуалната сопственост – World Intellectual Property Day.
✅ На ФИКТ, пред студентите и учесниците – гости од Македонија, Хрватска, Шпанија, Полска, Турција, Италија, Словачка и Романија на обуката “Artificial Intelligence in Youth Work: Harnessing the Power of Technology for Positive Impact“ во организација на Здружението за неформална едукација – Европски културен епицентар – Битола се одржа панел дискусија на тема „Intellectual Property and Artificial Intelligence“ на која се дискутираше за интелектуалната сопственост, примената на алатки за генеративна вештачка интелигенција, AI вештините и етичките предизвици.
✅ Учесници во панел дискусијата беа деканот проф. д-р Благој Ристевски, продеканот проф. д-р Божидар Миленковски и проф. д-р Андријана Боцевска како и Веле Георгиев и Виктор Атанасов од ЕКЕ.
✅ По дискусијата, учесниците ги посетија факултетските лаборатории за виртуелно инженерство и апликации; развој на идни вештини и старт-ап бизниси; бази на податоци, програмски технологии и е-учење; и организација на компјутерски системи и компјутерски мрежи.

19/04/2024
Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 18/04/2024

Запознајте ги третонаградените учесници на Хакатонот 2024 одржан на 11 и 12 април 2024 на ФИКТ

Трета награда во категорија средношколци, Апликација и предлог решение од областа на термодинамиката за справување со аерозагадувањето - СОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Демир Хисар, во состав Христина Талевска, Емилија Божиновска, Љубомир Најдовски, Иван Вељановски, Петар Трајчевски, ментор професор Наташа Миладоновска Најдовска.

Трета награда во категорија студенти, апликација наменета за организирање на настани (се добива преглед на сите настани кои се случуваат во одреден град - се на едно место) на Илче Наумовски, студент на ФИКТ.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 17/04/2024

Запознајте ги второнаградените учесници на Хакатонот 2024 одржан на 11 и 12 април 2024 на ФИКТ

Втора награда, Апликација за пријавување и лоцирање на сите дивите депонии од корисници до надлежнити институции - на тимот од Техничко училиште - Битола СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во состав Давид Бошевски, Филип Илиевски, Иван Ристевски, Ева Ацевска, Дарко Кочовски, Димитар Ристевски ментор професор Илче Ацевски.
Втора награда, апликација "Станче" намената за студенти кои изнајмуваат станови, бараат цимери итн.. или еден вид на "огласник", тимот во состав Антониј Бешлиевски и Теодор Смилевски, студенти на ФИКТ.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 16/04/2024

Во пријатна атмосфера, нашите надежи од редот на студентите, но и средношколците од Битола и Демир Хисар во текот на два дена ги заокружија идеите што требаше да го покажат нивниот оригинален и иновативен пристап во креирање на паметна околина со користење на паметни алатки.
Запознајте ги првонаградените учесници на Хакатонот 2024 одржан на 11 и 12 април 2024 на ФИКТ
Прва награда во категоријата средношколци доби проектот апликација за организација и следење во реално време на автобускиот превоз во градски услови со вградување на GPS модул во секое возило на тимот од Техничко училиште – Битола СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во состав Христијан Захарчев, Александар Темелко, Димитар Србиноски, Бобан Кузмановски, Огнен Лазаревски и Јован Илиевски под менторство на професорката Благица Богоевска.
Во категоријата студенти, апликацијата за организиран превоз и пребарување на распоред во градски и меѓу-градски сообраќај која опфаќа и решение со кое корисниците и компаниите/возачите на лесен и интуитивен начин да ги нудат својте услуги или најдат превоз доби прва награда, а тимот е во состав Давор Николоски, Димитар Вељановски, Арбисјан Абази, Андреј Стеваноски сите студенти на ФИКТ.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 15/04/2024

ℹ На ФИКТ, на 11-ти и 12-ти април се одржа вториот Хакатон под наслов „Паметна околина и паметни алатки“. На Хакатонот се пријавија 12 тимови со вкупно 40 –тина учесници од кои дел студенти од Факултетот од различни години на студирање и дел средношколци од Битола и Демир Хисар.
✅ „Соработката со компаниите од ИТ индустријата како Факултет за информатички и комуникациски технологии ја одржуваме преку различни активности, а во најголем дел од тие активности ги вклучуваме и првата и најважна алка во нашето работење - студентите. Една од тие активности каде студентите се вклучуваат за да стекнат нови искуства, да се претстават со нови идеи и вештини и да освојат вредни награди е овој натпревар – маратон во програмирање. “ изјави продеканката за наука и соработка проф. д-р Костандина Вељановска.
✅ Деканот на Факултетот проф. д-р Благој Ристевски го изрази своето задоволство од зголемениот интерес на пријавените кандидати за натпреварот во однос на претходната година и изјави дека се надева дека оваа година проектите ќе бидат уште пооригинални и поиновативни. При доделувањето на наградите, Деканот им посака на наградените студенти ова да им биде поттик за нови успеси, а на средношколците им честита за трудољубивоста и им посака да станат наши вредни студенти.
✅ Прва награда во категоријата средношколци доби проектот апликација за организација и следење во реално време на автобускиот превоз во градски услови со вградување на GPS модул во секое возило на тимот од Техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“– Битола во состав Христијан Захарчев, Александар Темелко, Димитар Србиноски, Бобан Кузмановски, Огнен Лазаревски и Јован Илиевски под менторство на професорката Благица Богоевска.
✅ Во категоријата студенти, апликацијата за организиран превоз и пребарување на распоред во градски и меѓуградски сообраќај која опфаќа и решение со кое корисниците и компаниите/возачите на лесен и интуитивен начин да ги нудат својте услуги или најдат превоз доби прва награда, а тимот е во состав Давор Николоски, Димитар Вељановски, Арбисјан Абази, Андреј Стеваноски сите студенти на ФИКТ.
✅ За менторирање и обезбедување на награди за учесниците на Хакатонот продеканката за наука и соработка проф. д-р Костандина Вељановска се заблагодари на компаниите , , , , и и им додели благодарници.

14/04/2024

✅ На 11.04.2024 година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии се одржа панел дискусија на тема „Подобрување на амбиенталните капацитети на ФИКТ“ .
✅ На панел дискусијата на која се дискутираше за можностите за подобрување на инфраструктурните капацитети на ФИКТ и за опремување на лаборатории, учествуваа деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски, продеканите проф. д-р Костандина Вељановска и проф. д-р Божидар Миленковски, професори од ФИКТ, членови на Одборот за доверба и соработка со јавноста на ФИКТ и претставници од компаниите IWConnect, iSource и Endava, и Анита Никова - Бундовски и Лилјана Пецова Илиеска од Critical Infrastructure Digitization and Resilience (CIDR) за Македонија.

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 13/04/2024

✅ На 11.04.2024 година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа вториот саем на кариера CAREER EXPO 2024.
✅ Саемот на кариера оваа година побуди уште погромен интерес како кај студентите и средношколците од Битола и регионот, така и кај компаниите коишто учествуваа на саемот.
✅ На присутните им се обрати Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ред. проф. д-р Игор Неделковски, кој меѓу другото истакна дека Битола има развиена ИТ индустрија, која има потреба од кадар и таа индустрија го препознава ФИКТ како главен извор на квалитетен кадар.
✅ Деканот на ФИКТ ред. проф. д-р Благој Ристевски истакна дека организирањето на овој саем на кариера ќе придонесе во зацврстување на соработката на трите клучни столба: академијата (во случајот УКЛО, ФИКТ), бизнис заедницата (ИТ компаниите и сите други компании што имаат потреба од ИТ професионалци) и студентите кои имаат централно место во рамките на нашиот Факултет. Во однос на хакатонот „Паметна околина и паметни алатки“, деканот Ристевски истакна дека со организирањето на овој хакатон се овоможува поттикнување на иновативни решенија со помош на ресурсите што се на располагање, како што се софтвер, компјутери, сензори и други податоци и тоа преку тимска работа на учесниците кои годинава се во поголем број и покрај студенти има тимови од средните училишта.
✅ „Со цел компаниите да се сретнат со нашиот потенцијал, да се претстават пред нашите сегашни и идни студенти го организираме по втор пат овој Саем на кариера на кој студентите можат да аплицираат за стипендии, да освојат вредни награди, да се информираат за понудата за изведување на пракса и понудата за вработување во ИТ компаниите, но не само тие компании. Ние имаме тесна соработка и со голем број на компании од стопанството од различни дејности, институции и невладини организации кои денес пред вас тука имаат изложено свои штандови“ - изјави продеканката за наука и соработка ред. проф. д-р Костандина Вељановска.
✅ Претседателката на факултетското студентско собрание на ФИКТ Ивана Субиќ, истакна дека денешниот саем и хакатонот за паметна околина и паметни алатки, претставуваат значаен чекор за напредокот во создавањето на мост помеѓу образованието и индустријата и дека студентите се воодушевени што имаат можност да се запознаат со компаниите, и да ги прошират хоризонтите и да ги развијат вештините.
✅ На саемот присутните средношколци се интересираа за студиските програми на ФИКТ, а студентите и средношколците имаа можност да стапат во контакт со компаниите за реализација на пракса и вработување.

Photos from SFERA International's post 13/04/2024
09/04/2024

✅ За да го поттикне натпреварувачкиот дух, Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола организира Хакатон „Паметна околина и паметни алатки“ (Smart environment and smart tools) на кој ќе се натпреваруваат тимови составени од студенти и од средношколци.
📆 11.04.2024 и 12.04.2024 година (четврток и петок)
📩[email protected]
📩[email protected]
📍 ул. Партизанска бб (комплекс касарни), 7000 Битола.
🌐 https://fikt.uklo.edu.mk
🌐 https://uklo.edu.mk

09/04/2024

✅ Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола организира Саем на кариера 2024, којшто ќе придонесе во континуирано зацврстување на соработката на трите клучни столба: академијата, бизнис заедницата и студентите, кои имаат централно место во рамките на ФИКТ.
✅ На саемот над 20 компании ќе ги претстават можностите што ги нудат за практикантство, вработување и стипендии пред актуелните и идните студенти на ФИКТ.
✅ Истовремено, ова ќе биде и отворен ден за матурантите од средните училишта од Битола и регионот да го посетат ФИКТ и факултетските лаборатории и предавални.
📆 11.04.2024 година (четврток) од 11-13 часот.
📩[email protected]
📩[email protected]
📍 ул. Партизанска бб (комплекс касарни), 7000 Битола.
🌐 https://fikt.uklo.edu.mk
🌐 https://uklo.edu.mk

Photos from Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола's post 09/04/2024

🌳 Еколошка акција за чистење на дворните површини на ФИКТ на која се вклучија вработените, претседателката и членовите на факултетското студентско собрание и студентите на ФИКТ.

Want your school to be the top-listed School/college in Битола?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Netcetera’s 2024 Summer Internship Program is now open - build your skillset, boost your knowledge, and expand your hori...
CROSS4ALL Project Final Meeting
CROSS4ALL Project Final Meeting
Прилог на „Македонска телевизија“

Location

Telephone

Address


Студентска б. б
Битола
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00
Saturday 08:00 - 14:00
Other Colleges & Universities in Битола (show all)
Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
Булевар 1-ви Мај бб
Битола, 7000

http://www.uklo.edu.mk/ Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола, УКЛО.